(Видео) Квадрат за 27.000 евра: Вака изгледа животот на елитата во Дубаи

Дубаи повторно го помести луксузот на ново ниво. Во срцето на Business Bay е продаден најскапиот пентхаус на Блискиот Исток, за неверојатни 550 милиони дирхами, односно околу 127 милиони евра, објави Анадолу.

Станува збор за ултралуксузен пентхаус во Bugatti Residences, комплекс кој веќе важи за нов симбол на ексклузивност. Со оваа продажба е поставен и рекорд по цена на квадратен метар – околу 27.000 евра, што го става Дубаи уште поцврсто на мапата на градови за светската елита.

Пентхаусот се простира на импресивни 4.385 квадратни метри и е дел од првиот станбен комплекс во светот под брендот Bugatti, каде луксузот не е детал – туку концепт.

Проектот веќе ги привлече и славните: меѓу сопствениците во комплексот се спомнуваат Нејмар, Андреа Бочели и фудбалерот Ајмерик Лапорт.

Од инвеститорската компанија Binghatti порачуваат дека рекордната продажба само го потврдува статусот на Дубаи како глобален центар за ултралуксузни недвижности – место каде што престижот има цена, а таа е астрономска.

Scroll to Top