(Видео) Мистериозни ракети се појавија над Хомс

Неименуван извор во Министерството за одбрана на Русија негирал дека ноќта била нападната сириската авиобазата „Шајрат“. Сепак, извор во сириската војска потврдил дека имало напад. Засега нема официјална потврда за инцидентот.

„Аеродромот нормално работи. Немало никакви напади вечерта“, изјавил неименуваниот извор.

„Системите за противвоздушна одбрана ПВО, кои го покривале целиот аеродром, не работеле вечерта“, додал тој.

Претходно арапските медиуми јавиле дека со ПВО ракетниот систем, сириската војска одбила два ракетни напади врз аеродромот, кој се наоѓал 50 километри од Дамаск.

Како што соопштил изворот за телевизијата „Ал Екхбарија“, сириската војска соборила шест цели над Шајрат и уште три ракети во близина на Думеир.

На прашањето за наводите за ракетниот напад на воздухопловната база Шајрат во сирискиот регион Хомс, Пентагон соопштил:

„Немало воени активности на САД во таа област во тоа време“, пренесува британска агенција.

Според информациите на порталот „Ал Масдар“, израелските авиони нападнале две авиобази од воздушниот простор во Либан. Ова, сепак, не е потврдено од официјалните лица во Дамаск.

Телевизијата „Скај њуз Арабија“, повикувајќи се на сведоштва на очевидци, изјавила дека во текот на ноќта во долината на Бека, на истокот на Либан од сириската страна, се слушнала експлозија. Можно е тоа да било напад изведен врз позициите на шиитското движење Хезболах, кое војува на страната на Дамаск.

 

Scroll to Top