(Видео) На познатите им се плаќа да зборуваат дека имаат коронавирус, вели раперката Карди Би

Познатата американска раперка Карди Би вели дека на познатите лица им се плаќа да зборуваат по социјалните мрежи дека се заразени со опасниот вирус, коронавирус. Ваквите теории на заговор ги почна токму таа, откако објави видео во кое со пријателите го сподели своето мислење.

„Замислете јас да имам коронавирус. Како би знаела дека сум заразена? Велат дека сувата кашлица е симптом, па ако некој се закашла, ќе помислам дека е заразен. Сепак, многу кошаркари велат дека се позитивни на коронавирусот, иако немале никакви симптоми. Како тие знаеле дека треба да се тестираат? Мислам дека на познатите лица им се плаќа за да лажат. Сакам и јас некој да ми плати и на мене“, вели во видеото Карди.

На ваквите теории на заговор се огласи и познатиот британски глумец Идрис Елба, кој неодамна преку социјалните мрежи објави дека е заразен со коронавирус. Сега преку видео ги негираше теориите на заговор кој почнаа да ги шири Карди, за тоа дека му било платено за да лаже дека е заразен од коронавирус.

„Идејата на некој како мене му биде платено да лаже дека е заразен од коронавирус е апсурдна. Тоа е толкава глупост и лага, а луѓето ја пренесуваат како да е вистинита. Не ја гледам тука логиката“, изјавил Елба, кој остана во изолација заедно со неговата сопруга Сабрина, која додаде дека се чувствува како да е заробена.

Сабрина одби да се изолира и остана со својот сопруг. Потоа откри дека и таа е позитивна на вирусот. Самиот Идрис во видеото објасни дека и тој бил зачуден кога дознал дека има коронавирус, затоа што немал никакви симптоми.

„Интересна, но и загрижувачка е идејата дека луѓето можеби се заразени од коронавирус, но не ги чувствуваат симптомите“, изјави Елба.

Претходно тој и неговата сопруга се обратија преку социјалните мрежи и кажааа дека веднаш се повлекле во самоизолација кога дознал дека е заболен од коронавирус. Сега вели дека се чувствува добро, дека се дистанцира од луѓето и често мие раце. Тој порача луѓето да бидат внимателни и да останат дома.

 

View this post on Instagram

 

TSR STAFF: Christina C! @cdelafresh ___ There are a lot of theories about the coronavirus circulating on the Internet and social media right now but #IdrisElba had to hop on IG Live to address one that he felt was directed at him. ___ Following he and his wife Sabrina Elba’s positive diagnoses for the coronavirus, Idris decided to fire back at claims that celebrities are being paid to lie about having the virus. ___ “This idea that someone like myself is gonna be paid to say ‘I’ve got coronavirus,’ that’s like absolute bulls**t,” Idris said. “Such stupidness and people wanna spread that as if it’s like news. That’s stupid…That’s the quickest way to get people sick.” ___ Idris also took the time to address what he called “test shaming,” saying he believed that all people should-click the link in our bio to read more.

A post shared by The Shade Room (@theshaderoom) on

Scroll to Top