(Видео) Најубавиот стан во Европа: брачна двојка, архитекти направиле рај од 55 квадратни метри од користени материјали

Секој има потреба од приватност и изолација во своите четири ѕида каде што може да се релаксира по напорниот ден. Некому му се доволни 30 квадрати за да опреми дом по вкус, а некому ни 100 не се доволни за да бидат среќни и задоволни.

Меѓутоа, кога некој има желба да уреди дом според неговите идеи, ништо не може да застане на патот. Кога некој ќе спомне стан од 55 квадрати, многумина ќе речат дека е просечен, а можеби и помал од она што е потребно за живеење. Но, за оние кои знаат паметно да го средат, оваа бројка е сосема доволна за домување.

Овој стан од 55 квадратни метри се наоѓа во Мадрид, во срцето на Шпанија, а е во сопственост на брачната двојка Патриша и Рикардо. Двајцата се архитекти и го опремиле токму како што замислиле и ако ги прашате – ова им е сосема доволно.

Тие користеле огледала за да создадат впечаток на дополнителна ширина, особено во ходниците, а станот генерално го опремувале со материјали што ги донеле од својата работа. Интересно е што од еден блок направиле полица за книги, а во еден од трупците има цвеќиња.

Ја изградиле кујната по принципот на отворени полици и многу светлина. Се потрудиле паметно да го искористат секој сантиметар од просторот, а за двајцата 55 квадрати се сосема доволни за живеење. Многу се трудле светлината да биде приоритет, бидејќи така и самиот стан ќе добие во „големина“.

Scroll to Top