Локалните медиуми го идентификуваа напаѓачот на Универзитетот во Перм. Станува збор за 18-годишниот Тимур Бекмансуров, а според информациите од медиумите, пред да биде убиен во престрелката со полицијата, тој убил осум, а ранил шест лица.
Во постот на социјалните мрежи напишани непосредно пред нападот, Тимур ги објаснил своите мотиви. Тој објаснил како ја добил дозволата за да носи и да може да користи оружје. Вели дека успеал да ги положи сите потребни психијатриски тестови.
Објаснил дека го избрал овој универзитет затоа што пред четири години направил сериозна грешка, а според тоа што го напишал, експертите велат дека станува збор за момче кое било во тешка психичка состојба.
„Колку и да се познавам себеси, секогаш ќе мислам на смрт. Не знам колку можам да убијам, но ќе направам сè за да понесам колку можам повеќе со мене“, напишал Тимур.
Mass shooting in Russia University Perm pic.twitter.com/5puJ3KVD87
— Wallstreetbets (@wallsteetbets) September 20, 2021
Извор/Индепендент
(Видео) Напад на Универзитет во Русија, студенти бегаат низ прозори, има и жртви