Во Флорида почнало судењето на Мајкл Хaим човекот кој е обвинет дека во 1993 година ја убил својата сопруга, Бони Хејм, која сакала да го остави. Клучен сведок на убиството бил нивнот син Арон Фрејзер, кој во тој период имал само три години, пишува „Дејли Мејл“.
Арон од тој ден постојано изговарал неколку реченици од типот „Тато ја повреди мама“, „Тато не може да ја повреди мама“, „Колата на мама е во езерото“ и слично, но никој не му верувал, затоа што немало физички докази кои го поврзувале Мајкл со убиството на неговата сопруга.
Арон по исчезнувањето на Бони, бил посвоен од друго семејство, од кое го превземал нивното презиме Фрејзер. 20 години подоцна никој не знаел што се случило со неговата мајка, освен Арон.
Неколку години подоцна, Арон се вратил во семејната куќа. Тој во дворот сакал да ископа базен. Во декември 2014 година, за време на копањето, во земјата пронашол торба. Во неа имало човечки череп.
„Го погледнав черепот и ги видов забите. Во тој момент знаев дека тоа е мојата мајка“, изјавил Арон.
Случајот кој го водат обвинителите велат дека ќе успеат да докажат дека Мајкл ја злоставувал Бони и дека поради тоа таа планирала да го напушти и да си замине со нејзиниот син. Доказите посочуваат дека таа тајно отворила сметка во банка со цел да собере пари. Кога Мајкл дознал за банковната сметка и наложил веднаш да ја затвори.
Обвинителите велат дека имаат и сводоци кои биле блиски пријатели на Бони, кои говорат дека таа парите почнала да им ги дава на нив, за тие да ги чуваат за неа.
Мајкл во својата одбрана тврди дека Бони го напуштила по една нивна жестока расправија во јануари 1993 година. Но, од тој момент тој никогаш не го пријавил нејзиното исчезанување во полиција.
Мајкл бил уапсен во 2015 година, откако властите откриле дека черепот кој го пронашол Арон, припаѓа на неговата сопруга Бони.