(Видео) Политиката на пауза, време е за танц: Трамп се забавуваше со локалците во Малезија

Американскиот претседател Доналд Трамп го изненади присутните на самитот на АСЕАН во Малезија кога се придружи на традиционалниот танц за добредојде што му го приредија домаќините во Куала Лумпур, пренесуваат локалните медиуми.

Според „Манго њуз“, Трамп беше пречекан од малезискиот премиер Анвар Ибрахим, а по краток разговор — одлучи да ја остави политиката настрана и да се фати во танц со локалните жители. Насмеан и опуштен, американскиот лидер предизвика аплауз и ентузијазам меѓу присутните.

Посетата на Трамп во Малезија е дел од неговата азиска турнеја, а утрово во Куала Лумпур тој присуствуваше на потпишувањето на мировниот договор меѓу Тајланд и Камбоџа, кој помогна да се постигне во јули, кога лично интервенираше за да го запре петдневниот граничен конфликт.

Според „Ројтерс“ и „Би-Би-Си“, двете земји денес потпишаа и нови трговски договори со САД, при што Трамп порача дека „бизнисот треба да се користи за одржување на мирот“.

Scroll to Top