(Видео) Пронајден автомобил на студент што исчезнал пред 45 години, полицијата полека ја разрешува мистеријата за неговата смрт

Во поток во Алабама е пронајден автомобилот на студентот Кајл Клинкскејлс, кој бил прогласен за исчезнат пред 45 години. Во автомобилот биле неговиот новчаник, лична карта и човечки остатоци.

Клинкскејлс бил студент на Универзитетот Обурн, а последен пат бил виден во ноќта на 27 јануари 1976 година. Шерифот на округот Труп, рече дека тој се возел од својот роден град Ла Гранџ, назад во својот кампус.

22 годишното момче никогаш не стигнало на Универзитетот во Алабама и досега не било познато што му се случило.

„Го баравме него и неговиот автомобил 45 години. Следевме стотини траги и никогаш не откривме нешто важно“, рчее Вудраф и додаде дека во текот на истрагата го исуштиле езерото и спровеле бројни други претраги.

Полицијата во вторникот примила дојава за возилото кое се наоѓало во потокот во близина на Окружниот пат 83. Кога полицијата стигнала на лице место, тие го пронашле делумно потопениот автомобил.

Сид Локхарт, шерифот на округот Чемберс, рече дека возилото било најдено на неколку километри оддалеченост од патот по кој Клинкскејлс се враќа на Универзитетот. Тој додал дека не му е познато дали е пребарано подрачјето во времето на неговото исчезнување.

Полицијата во зарѓаниот автомобил нашла наовчаник, кредитни картички и лични документи на студентот и неколку коски.

„Веруваме дека ова се човечки остатоци. Ги повикавме истражителите од истражната канцеларија во Џорџија. Во моментов спроведуваме анализа за да утврдиме дали се работи за коските на студентот“, рече Вудраф.

Мајката на исчезнатиот студент починала претходно оваа година, а целото време таа се надевала дека нејзиниот син еден ден ќе се врати дома. Неговиот татко починал во 2007 година.

Scroll to Top