(Видео) Работникот кој беше обвинет од синот на Трамп дека фрла гласачки ливчиња, сега добива смртни закани

Еден од вработените од изборната комисија од Атланта, кој беше снимен како наводно фрла едно од гласчаките ливчиња, морал да си замине од местото на работа и да се сокрие, затоа што добил смртни закани. Тој деновиве беше обвинет од синот на Трамп, дека ги фрла нивните гласови.

На крајот се испоставило дека се работи за лажни обвинувања. Ричард Барон кој бил од изборната комисија од округот Фултон, изјавил дека откако ја прегледале снимката, се забележало дека работникот не фрлил гласачко ливче.

Ричарод објаснил дека некој од од луѓето во просторијата каде се обрабтоувале гласачките ливчиња, ја направи снимката и дека на неа изгледало како работникот да фрла гласачко ливче.

Но, вистината е дека станува збор за ливче со упатство, кое се наоѓа во ковертот заедно со гласачкото ливче. Ричард објаснил дека вработените назначени за броење на гласовите добиени по пошта, работеле со уред за сечење на надворешните и внатрешните пликови.

Хартијата која административецот ја стуткал и ја фрлил, била списокот со упатства што се наоѓало во пликот. Гласачите често ги враќаат упатствата заедно со гласачкото ливче.

Видеото кое се рашири по социјалните мрежи, било прегледано неколку милиони пати, а некои луѓе го обвиниле административецот дека фрлил гласачкото ливче.

Барон изјавил дека работникот сега се плаши за својот живот, затоа што добил смртни закани. Тој не можел да се врати дома и сега престојува кај негов пријател. Ричард вели дека тој повеќе не можел да ја вози ни колата, затоа што некои од луѓето му ги запишале регистрацијата и моделот.

„Тој во моментов се крие, затоа што доби смртни закани. Мораше да ги затвори сите налози на социјалните мрежи, затоа што му беа објавени сите негови лични информации. Мислам дека тоа е срамота“, изјавил Барон.

Станува збор за вработен кој бил еден од најбрзите при одвојувањето на ковертите и дека ги обучувал и другите како да го користат уредот. Барон додал дека и неговата канцеларија добила закани, но дека водат разговори и за ангажирање на обезбедување.

(Фото) Трамп покажа фотографија со која ја откри изборната измама

Scroll to Top