Светски научници велат дека ја имаат откриено мистеирјата околу исчезнувањето на бродовите и нивните екипажи во Бермундскиот триаголник. Во серијата „Во Бермудскиот триаголник“ која е прикажана на „Амазон“, биле претставени трите брода кои исчезнале пред 300 години. Нивните екипажи не биле пронајдени никогаш.
Во серијата се зборува за едно од најраните тврдења за необјаснивото исчезнување на бродовите во Бермудскиот триаголник. Во 1780 година, воениот брод на САД, „Генерал Гејтс“, необјасниво исчезнал. Многу други мистерии за кои се претпоставува дека се случиле внатре во триаголникот се со слична природа.
Во 1840 година, францускиот брод „Розали бил открин недопрен, со целиот товар на себе, но што се однесува до екипажот, тој никогаш не бил најден. Третиот брод „Марија Селест“ во кој имало екипаж од само 10 члена, бил најден на 4. декември 1872 година. Групата која го открила изјавиле дека чашите со кафе сеуште биле топли.
Познатиот новинар Роб Симон, добитник на голем број награди, вели дека многу е веројатно екипажот на овие три брода бил мета на големиот број гусари кои владееле во тој период на овие простори.
Бермудскиот триголник, познат и како „Ѓаволскиот триаголник“, е многу слабо дефиниран регион во Северниот Атлански океан, каде исчезнале голем број на летала и бродови.
„Околу Флорида, особено внатре во Бермудскиот триаголник, пловеле голем број на гусари, затоа што тоа бил директен трговски пат од Јужна Америка, преку Латинска Америка, па сè до Европа. Најчесто гусарите во тој дел биле познатите „Црнобради“, за кои сите знаат. Најпознати меѓу нив биле „капетан Џек“ и „Блек Сизар““, вели Сара.
Во близина на овој таканаречн триаголник е една од најбараните бродски рути на светот, велат научниците. Преку неа често се пловело за пристаништата во Америка, Европа и на Карибите. Тогашната кутлура предизвикала низ историјата да се појават голем број на паранормални или приказни за некакви вонземјани, се вели во серијата.
Низ историјата се развиле голем број легенди, а останело запаметено тоа дека морнарите од 19 век, го нарекувале ова место и „Море на росата“ и „Гробишта на Аталнтикот“.