Руската инфлуенсерка Маријана Баруткина (32) си го скрши ‘рбетот додека го правеше виралниот предизвик „Stiletto Challenge“ инспириран од Ники Минаж.
Во последните денови, низ интернет се прошири тренд во кој корисниците стојат на една нога во високи потпетици на некој предмет и се обидуваат да ја одржат рамнотежата додека во позадина свири песна од Ники Минаж. Маријана се придружи на овој тренд.
Иако успеа да ја одржи рамнотежата кратко време, ситуацијата се промени кога падна на подот и се здоби со фрактура.
„Еве ме кај доктор со дијагноза компресивна фрактура на телото. Иронија? Карма? Или едноставно живот, кој секогаш ја тестира нашата сила во најнеочекуваниот момент“, напиша таа во описот на видеото, на кое се гледа како паѓа од кујнскиот остров на грб.
Маријана вели дека падот ја направил позната.
„Поради едно видео, кое беше неуспешно снимено, се разбудив како популарна личност. Денес повеќе од 50 луѓе ми го испратија моето видео од разни публикации. Луѓе, ви благодарам за вашата загриженост и за вашите коментари. Одлично ми оди, ги следам препораките и сега живеам во статус на „ѕвезда““, напиша таа на Инстаграм.
Таа ги увери своите следбеници дека е сосема добро и откри дека нејзиното дете, кое го роди пред само неколку дена, е згрижено од дадилки.
„До сите што се грижат за моето дете, смирете се, тој има две дадилки и додека снимав, едната од нив беше со него“, напиша таа.