Ако Западната цивилизација заедно со Америка и Европа сакаат да го избегнат падот, како што беше случај со Римското Царство, таа мора да избегне „преголемо конзумирање“, и дистрибуција на ресурси, според студијата која ја финансираше НАСА.
„Падот на Римското Царство“, еднакво како и (ако не и повеќе) напредно друштво како Ханското, Маурското и Гупта царството, како и толку напредното мезопотамското царство, се историски факти кои покажуваат и сведочат за тоа дека напредната, софистицирана, сложена и креативна цивилизација, може да биде кревка и непостојна“, се наведува во истражувањето направено од страна на НАСА, а кое е објавено во Еколошкото економско списание (Ecological Economics Journal).
„Две важни карактеристики се појавуваат во дел од општеството и цивилизациите кои се срушени“, се додава во студијата. „Растегањето на ресурстите, поради невнимателна еколошка носивост и економските раслојувања во општеството меѓу елитата и масата“.
Истражувањето на НАСА ја користи човечковата и природна динамичка (HANDY) формула, за да го осигура општата рамка која овозможува објавување на експерименти за феноменот колапс и тестирање на промените за тоа да се избегне“. Со други зборови, моделот ги зема во предвид само оние општи карактеристики, на паднатите цивилизации, а не и специфичностите.
Што Студијата откри?
Колапсот е тешко да се избегне, во нееднакви друштва „{е}литата расте и троши премногу, што доведува до глад меѓу граѓаните кои на крајот го предизвикуваат колапсот на општеството“.
Ограниченоста на ресурсите е на штета на работничката класа, додека богатите воглавно се изолирани од проблеми, што значи ресурстите и понатаму ќе се користат без оглед на трошоците на општеството. На пример, „зголемената искористеност и намалената потрошувачка на гориво кај автомобилите, овозможува повеќе поминати километри кај жител кој може да помине со возилото, потешките возила и со поголема просечна брзина, што на крајот само ги негира резултатите добиени за заштеда на потрошувачката на гориво“.
Единствен начин да се избегне несреќа во услови на еднакви методи, е распоредбата на ресурсите на користењето на ограничените ресурси – еднакво дистрибуирано – што потсетува на социјализам и комунизам.
„Колапсот не може да се избегне, а жителите можат да постигнат стабилна состојба и максимална подносливост, ако стапката на уништување на природата се намали на одржливо ниво, и ако средствата се распоредат праведно“, се наведува во извештајот.
Аргументите во овој извештај се случни на оние од страна на научникот од Белата Куќа, Џон Холдрен, кој и предложи на Владата дека треба да се намали популацијата за да се спречи, да Земјата стане неодржлива за живот.
Холдрен соработувал со колегата, научникот Паул Ехрлицхом, кој ја напиша контроверзната книга во 1968 година „Популациска бомба“. Една таква соработка резултирала со издавање на учебници во кои се тврдело дека присилните методи на контрола на популацијата би можеле да бидат допуштени кон американскиот Устав.
„Така, заклучено е дека законите би биле обврзувачки за контролата на бројот на жители, вклучувајќи ги и законтие кои бараат обврзувачки абортус, и би можеле да се одржат кон постоечкиот американски Устав, ако кризата со преголема популација, стане доволно силна да го загрози општеството“, напиша Холдрен и Ехрлич. „Но, малку кој денеска смета дек состојбата во САД е доволно сериозна за да се оправда присилата“.
Комунистичките земји, исто така се обиделе да го ограничат растот на популацијата, додека дистрибуцијата на средства била праведна. Кинеската влада издаде закон дека семејството може да има само едно дете, што влегува во политиката на запирање на растот на жителите.
Програмата се спроведува низ родни листови, масовна стерилизација и присилен абортус. Весникот „Њујорк Тајмс, извести дека 336 милиони абортуси и 222 милиони стерилизации се изведени во 1971 година.
Било како било, одржувањето на цивилизацијата, каква што е, има своја цена, а очигледно е дека цената на правилна распоредба е добра, оневозможува раслојување на општеството и депопулација. Одликите на висинско комунистичко-социјалистичко општество. На крајот е заклучено дека очигледниот факт за тоа дека колку и да комунизмот бил суров тој е вечен, а дека капитализмот е декадентан, дека се деградира, пропаѓа и дека се движи кон самоуништување и уништување на Планетата, се заклучува во истражувањето.