Двајцата британски истражувачки новинари Алексиј Мострус и Гзавиј Гринвуд, откриле дека зад еден од најпознатите бесплатни сајтови за порнографија, „Порнхаб“ се крие криминал.
Тие велат дека секој ден, на сајтот можат да се видат видеа од лица кои биле сексуално злоставувани, видеа со малолетничка порнографија, како и порнографија од одмазда.
„’Порнхуб’ е место на кое можете да најдете било каков вид на порнографија и има 3 милијарди посетители месечно. Но, постои мрачна позадина на тој сајт“, велат тие.
Мострус и Гринвуд велат дека компанијата MindGeek стои зад овој сајт, а мнозинството пакет акции ги поседува Бернард Бергмаир, човек за кој многу малку луѓе имаат слушнато.
„MindGeek е толку влијателна компанија и сè што прави, го прави во тајност. Ако минатиот декември сте го пребарувале на „Гугл“ името на Бернард, ќе наидете на само три резултати. Помислата дека го поседувате деветтиот најпосетен сајт во целиот свет, а никој да не го знае вашето име, звучи малку неверојатно“, велат тие.
Компанијата Mind Geek покрај тоа што го поседува „Порнхаб“, поседува и доста други порнографски сајтови и студиа. Мострус и Гринвуд решиле да му влезат во трагата на Бернард.
Тие велат дека сè што треба да направите на „Порнхаб“ за да поставите видео е валидна имејл адреса. На тој начин, секој кој сака да постави видео, тоа може да го направи. Толку многу содржини се објавени на таа страница што е еднаква на половината од понудата на Нетфликс велат тие.
„Мислам дека е важно е да се биде јасен дека на интернет има доста порно содржини кои се одобрени да бидат таму кај што се, но, тоа не беше нашиот фокус. Нашиот фокус беше илегалната содржина која вклучува снимки кои не се дозволени да се постават на сајтот од страна на лицата кои се на него. Тоа се снимки кои содржат сексуално насилство или силување“, објаснил Гринвуд
Како што вели тој, можеби најлошто во целата оваа работа е што постојат луѓе кои ги поставуваат тие видеа без дозвола.
„Ако отидете на „Порнхуб“ и кажете дека не сте дале согласност за тоа видео или дека сте биле малолетен, овој сајт со месеци ќе го остави видеото“, додал тој.
Една новинарка во вестите на „Фокс њуз“, уште во декември 2020 година, изјавила дека тоа не е сајт со порно содржина, туку со криминал.
Телевизијата CBS минатиот месец пренесе ново обвинение, во кои се вели дека компанијата зад која стои еден од најпознатите порнографски сајтови, има криминал.
„Морам да кажам дека јавното понижување кое го доживеав е најлошата работа низ која поминав во мојот живот. Не знам како толку брзо истото се рашири. Видеото се рашири на сите порнографски платформи“, изјавила една од жртвите по име Кели.
„Бернард Бергмаир е мнзински сопственик на компанијата MindGeek, компанија, која го поседува „Порнхаб“, вели Гринвуд.
„Оттука Бергамир е на чело на компанијата која е обвинета дека профитира од злоставување на десетина жени и од таа причина ние сакавме да му влеземе во трага“, изјавил Мострус.
И двајцата велат дека не можеле да дојдат до никакви информации за него. Не им помогнала ниту претрагата по „Фејсбук“, но, успеале да ја пронајдат дека се наоѓал во Њујорк.
Тие велат дека еден глумец објавил многу фотографии од човек кој се претставувал како Бернард Бермаир и исто така виделе дека покрај него постојано се појавувала една гламурозна жена, која се претставувала, како што пишува на „Фејсбук“, како Прислила. Потоа тие го нашле нејзиниот „Инстаграм“.
„Таа од друга страна била бразилски модел, сакала да се облекува и да носи креација од „Шанел“, носела и накит од „Диор“ и патувала со приватни авиони, а најинтересно било што таа живее во Лондон, изјавил еден од новинарите.
Тие велат дека тоа било како да бараат игла во сено, затоа што Лондон бил голем град со девет милиони жители.
„Присила на „Инстаграм“ поставила неколку лајв видеа, во кои им објаснува на своите фанови како да направат идеална фотографија. Тоа било еден од начините да ја најдеме нејзината локација. Кога се фотографирате, информациите за локацијата ви остануваат“, вели Гринвуд.
Тие откриле дека таа има и блог на кој ја поставила истата фотографија и така ја откриле локацијата која била блиску до нивните канцеларии.
„Знаевме каде живее Присила, но, не знаевме дали и Бернард живее со неа“, изјавил Гринвуд.
Мострус изјавил дека им било важно да дознаат дали Бернард живеел со неа. Како што велат, кога отишле во богатиот кварт во Лондон каде таа живеела, мислеле дека ќе мораат да чекаат со недел за да го видат него. На крајот се испоставило дека им требало само неколку часа.
„Кога го видовме, знаевме дека е тој“, велат тие.
Новинарите му пишувале, му поставувале прашања за жртвите на „Порнхаб“, кои сакале да го чујат неговиот одговор за големиот број страшни видеа кои биле поставени на тој сајт.
Но, како што велат, тој само ќе ја покриел главата со капата и ќе побегнел од нив. Алексиј вели дека е голема работа да се најде тој човек. Исто така голема работа е што храбрите жени полека се откриваат и собрале храброст да поднесат тужба против неговата компанија.
Засега против MindGeek тужба поднела жената со име Серена Флајтс со уште 33 други жени, кои тврдат дека биле жртви на „Порнхуб“.