(Видео) Си го убиле детето па го пријавиле за исчезнато

Брачна двојка од Хаваи е уапсена поради сомнение дека си ја убиле шестгодишната посвоена ќерка, за која подоцна ја пријавиле дека е исчезната. Леху К. (43) и нејзиниот сопруг Исак К. (52) пријавиле на 13 септември дека нивната ќерка е исчезната.

На полицијата им рекле дека девојчето го напуштило домот во текот на ноќта. Инспекторите утврдиле подоцна дека ги излажале и дека девојчето било убиено еден месец претходно.

„На основа на спроведената истрага веруваме дека девојчето било убиено некаде на средината на август“, рече мајор Бен Мошковиќ, шеф во Одделението за кривична истрага на конференцијата за новинари.

Девојчето го барале повеќе од 200 припадници на пилицијата и преку 300 цивили. Привремениот началник Раде Ваниќ им се заблагодари на сите кои помогнаа во потрагата по девојчето и рече дека во овој момент нема други осомничени.

„Нејзината фотографија и приказна допре до срцата на голем број во заедницата“, рече Ваниќ.

„За жал, тоа што почна како потрага за исчезнатото девојче се претвори во истрага за убиство насочено кон нејзините родители. Веруваме дека доказите водат до нив и никој друг“, дополни тој.

Сопружниците би требало да се појават пред судот во петок. Телото на девојчето засега не е пронајдено, а мотивот и причините за овој страшен злостор, засега не се познати.

Scroll to Top