(Видео) Силен мамурлак, главоболка, треска и болки во мускулите, се симптомите што се појавиле кај доброволците што ја примиле вакцината против коронавирусот од компанијата „Фајзер“

Силен мамурлак, главоболка, треска и болки во мускулите се симптомите што се појавиле кај доброволците што ја примиле вакцината против коронавирусот од компанијата „Фајзер“, пренесуваат светските медиуми.

Пред неколку дена стигнаа вестите дека вакцината од компанијата „Фајзер“ против коронавирусот е ефикасна 90 %. Тоа на многумина им даде надеж дека светот набргу ќе се врати во нормала.

За да се открие колку навистина вакцината против Ковид-19 е ефикасна, 43.500 доброволци од целиот свет се приајвиле за да ја примат оваа вакцина.

И додека кај некои немало непосакувани ефекти, други имале симптоми слични на грип, но и сериозни непосакувани ефекти.

„Првата доза беше како да имав силен мамурлак. Некои од нас имаа главоболка, треска и болки во мускулите, баш како и по примената вакцина против сезонкиот грип“, вели Американецот Глен Десхилдс, кој го објасни чувството по примената вакцина на компанијата „Фајзер“, пренесува „Дејли мејл“.

Волонтерката Кери од Мисури, која се претставила како публицист, вели дека минатиот месец ја примила втората доза од вакцината.

Запрашана зошто одговорила на овој експеримент, Кери одговорила дека чувствувала дека тоа била нејзина граѓанска доложност. Кога ја видела веста за напредокот за развојот на вакцината, таа вели дека верува оти на овој начин може да им помогне на другите заразени луѓе.

Таа објаснила дека по втората примена доза, почувствувала главоболка, температура, но и чешање по целото тело. Таа вели дека несаканите ефекти се слични на оние што ги почувствуавла по првата примена вакцина, но по примената втора вакцина, тие станале поинтезивни.

Некои испитаници по клиничкото испитување на вакцината добиле плацебо, а не вистинска вакцина. Тие примиле течност, без вакцина.

Брајан (42), инженер од американската држава Џорџија, помислил дека е еден од пациентите што не ја примил вакцината затоа што не почувствувал никаква реакција. Тој вели дека неговиот имунолошки систем не реагирал по примањето на двете дози.

Покрај тоа, тој дополнително добил и коронавирус, но, за среќа, успешно и бргу закрепнал.

Scroll to Top