Синот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, Ерик Трамп, сподели видео на „Твитер“, на кое се гледа како еден од луѓето што ги бројат гласачките ливчиња зема едно од нив, го стуткува и го фрла во канта за ѓубре.
Nothing to see here https://t.co/TsFnZBbHxu
— Eric Trump (@EricTrump) November 5, 2020
На твитот Ерик напиша дека видеото е снимено во сојузната држава Џорџија. На снимката може да се види како човекот што ги брои гласовите, за време на броењето, едно од ливчињата го тутка и го фрла.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, уште претходно најави дека ќе бара судска развршница за големиот број нерегуларности што се случиле на овие избори.
What is going on here? #Election2020 #ATL pic.twitter.com/NJi3xmInPT
— Essential Fleccas 🇺🇸 (@fleccas) November 5, 2020
Неговиот адвокат Руџи Џулијани изјави дека тргнал во посета на Пенсилванија со правен тим за да ги оспори изборните резултати во таа држава, која се смета важна за исходот на изборите во САД.
Тој на „Твитер“ наведе дека во Филаделфија дошло до масовна измама и тврдел дека демократите се обидуваат да ги украдат претседателските избори, а дека републиканците тоа нема да го дозволат.
Џулијани додаде дека Трамп врз освнова на 75 % од пребројаните гласови има предност од 550.000 гласа.
Доналд Трамп најави претходно правна постапка пред Врховниот суд поради нетранспарентноста за време на пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.
GIULIANI: “We’re not gonna let them get away with it. They’re not gonna steal this election.”
“This election gets decided by the people. The elite, they don’t care about the people. The people are the deplorables, the chumps — they’re not important…” pic.twitter.com/JFhEnwgK5o
— Breaking911 (@Breaking911) November 4, 2020
Со тоа се отвора можност за привремено прекинување на пребројувањето на гласовите во таа држава, која носи 20 избирачки гласа.
Во исчекување и предвидување на конечните резултати од директното гласање, претседателските избори во САД не се само главна тема во Америка, туку секаде во светот, а еден пример од Индија крена голема прашина.
Познато е дека неизвесноста на резултатите предизвикува вибрации на светската берза, па така еден од воечките бизнисмени од Индија решил да се консултира со астролог за тоа кој ќе победи.
Тој добил прогноза која вели дека трката ќе биде тесна, но дека на крајот Доналд Трамп ќе го победи Џо Бајден. Бизнисменот ја споделил прогнозата на социјалните мрежи, а под објавата следувале голем број коментари.
Станува збор за Ананд Махидра, претседател од мултинационалната група „Махиндра“. Тој објавил на „Твитер“ фотографија од астролошкото тврдење, кое вели дека тоа ќе биде борба од типот фаќање за гуша, но дека на крајот Трамп ќе излезе како победник.
„Твитот“ имал речиси 7.000 лајка и стотина споделувања. Предвидувањето се заснова на положбата на Сонцето и знакот на раѓање на Трамп. Махиндра не открил за кој астролог станува збор, но предвидел раст на неговата популарност ако прогнозата се покаже како точна.
И други корисници на „Твитер“ споделиле слични предвидувања на други астролози, кои исто така изјавиле дека веруваат оти Трамп ќе биде тој што ќе победи.
Консултациите со астролозите кога е во прашање носењето главни одлуки прилично се популарни во Индија, дури и меѓу водечките политичари, вклучувајќи го и актуелниот премиер Нарендру Моди.
(Фото) Трамп покажа фотографија со која ја откри изборната измама