Работник од американската поштенска служба, објавил преку Project Veritas, дека управникот во поштата „Ирија“, во Пенсилванија, наредил на гласачките ливчиња кои стигнале по изборниот ден, да им се преправи датумот на 3. ноември, за да истите ливчиња изгледаат легално.
Наводниот свиркач. Ричард Хопкинс, изјавил дека го слушнал управникот од поштата, Роберт Вајсенбах помладиот, како во четвртокот разговарал со другите вработени за гласачките ливчиња ко требало да бидат антидатирани.
Според Хопкинс, Вајсенбах изјавил дека на повеќето гласачки ливчиња, кои стигнале во средата, еден ден по изборите, датумот им биде вратен во вторник, но на еден конверт, погрешно бил заверен точниот датум, 4. ноември.
Американскиот закон наложува гласачките ливчиња испратени преку пошта, до денот на изборите, да бидат важечки. Во изборната ноќ, претседателот Доналд Трамп, имал значителна предност над демократскиот противник Џо Бајден во неопределените држави, како што се Пенсилванија, Мичиген, Висконсин и Џорџија.
Но, водството се стопи по пребројувањето на купот гласачки ливчиња во наредните три дена. Трмп најави дка ќе покрене правна постапка поради неправилностите во процесот на пребројувањето на гласвоите, тврдејќи дека би победил ако се рачунаат само легалните гласови.
Хопкинс е анонимен свирчак, од видео снимката Project Veritas, објавена во четвртокот вечерта. Во видео снимката, Хопкинс тврдел дека шефот на поштата наредил задоцнетите гласови бидат антидатирани. Вајсенбах ги негирал обвинувањата, отфрлувајќи ги како невистинити.
Тој ја прекинал врската со основачот на Project Veritas, Џејмс Окиф, одбивајќи да ги коментира пријавените инциденти. Хопкинс изјавил дека поштенските инспектори контактирале во петокот со него и дека сакале да ја слушнат неговата страна од приказната, за да почнат со истрага.
Приказната за Ирија следела по останатите извештаи на Project Veritas, во кои се наведува на неправилна обработка на гласачките ливчиња и во другите две неопределени држави.
Како и во Пенсилванија, свиркачот од американската поштенска служба во Мичиген, тврдел дека на вработените им било наредено да ги одвојат задоцнетите гласачки ливчиња од редовната пошта, за да на нив се отпечати датумот од вторникот.
Во Невада, поштарот се согласил да му даде на тајниот репортер, пакет неискористени гласачки ливчиња кои биле испратени на неточни адреси, пренесува „Раша тудеј“.