Во две ударни емисии телевизиската мрежа „Фокс њуз“ во четвртокот вечерта објави експлицитни фотографии и видеа од синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, како е легнат во кревет, а друштво му прават неколку проститутки.
На првата фотографија наводно е прикажан Хантер додека две голи жени седат на него, а на креветот е и неговото куче. На другата фотографија наводно се гледа Хантер додека се смее и ја влече една од девојките за коса.
Истите снимки се објавени и во емисијата на Шон Хенти со Кенданс Овен. Хантер во своите неодамна објавени мемоари „Прекрасни работи“ отворено пишувал за својата борба со зависноста од дрога и закрепнувањето.
51-годишниот правник Хантер на 255 страници пишува за својата зависност од дрогата и алкохолот, но и за трагедиите што му се случиле, како што е смртта на мајка му и на брат му Бо. Во автобиографијата Бајден пишува за тоа како првпат пробал алкохол на осум години.
Пишувал за тоа како дочекал чаша шампањ на забавата што татко му ја направил по победата на изборите за Сенатот. Првпат бил пијан на 14 години за време на студиите во Џорџтаун на „Јејл“. Тој открил дека не се ни обидувал да се отрезни.
Тој се пријавил на одвикнување, дури кога станал татко третпат. Но, пак потфрлил за време на еден лет кога во авионот на една од стјуардесите ѝ побарал коктел, а потоа уште три до крајот на летот. Хантер не крие дека секогаш бил склон на алкохолот.
Вели дека целосно го погодила смртта на постариот брат Бо, кој бил државен обвинител и на 46 години починал од глиобластом, малинен тумор на мозокот.
Тогаш, дефинитивно, му се распаднал бракот и тоа поради врската со вдовицата на неговиот покоен брат, која, како што тој изјавил, била единствената што можела да ги разбере неговата тага и болка.
Покрај алкохолот, Хантер се навлекол и на кокаинот и на неговиот многу поевтин дериват, крекот, кој го купувал на улиците. Неговата дилерка била средовековна бездомничка, чие име во книгата тој не сакал да го објави.
Хантер се надева дека по објавувањето на книгата, таа ќе му се јави ако сè уште е жива. Тој сака да ѝ помогне, нешто што го смета за своја мисија.