(Видео) Три леша кои испливаа од Дунав, до ден денешен кријат страшна тајна

Ужасната слика на трите распарчени леша во дрвените сандаци биле забележани во плиткиот Дунав, од страна на деца од Голубац, кој на 12 јули 2000 година, во претпладневните часови, ловеле ситна риба, недалеку од тврдината во Голубац.

Кој биле трите несреќници кои биле убиени на ваков суров начин, до ден денешен останува тајна. Минале многу години, а објаснување нема. Постојат само претпоставки дека постои врска со трагичната семејна приказна и крвавиот граеж кој со животот го платиле две невини лица, настан кој се случил две години претходно во Белград.

Измасакрираните лешеви, децата ги пронашле во сандуци кои наеднаш изрониле од плитката вода. Едно од момчињата најпрво здогледало еден групо направен сандук без поклопец. Тој потоа ги повикал возрасните рибари, а двајца од нив кои се одѕвале на повикот, утврдиле дека во сандакот, кој бил многу оштетен од брзата вода, се наоѓа човечки труп, без глава и рака, а до половината бил залиен со бетон. Десет метри од местото каде лежел првиот сандак, од водата излегол уште еден, речиси идентичен со првиот, но неоштетен. Третиот сандук го откриле тројца нуркачи два дена подоцна. Во секој од нив се наоѓало, измасакрирано, забетонирано тело, кое не било во можност да се идентификува.

Кога од Дунав кај Голубац биле извлечени трите сандуци, со забетонирани остатоци од тројца луѓе, почнале да се шират различни приказни, и убавото и мирно место доживеало шок. Претходно, за време на Чаушеско, тука биле пронајдени многу мртви Романци, но овие три леша биле забетонирани, што значи дека не биле Романци, и дека телата со намера биле забетонирани и фрлени во реката за да не испливаат на површина и така трајно да се ослободат од нив.

Спроведени се анализи, но поради долгиот престој во водата не можеле да се извлечат посакуваните резултати.

Затоа после сето ова остануваат прашањата и претпоставките кои се овие тројца луѓе чии тела биле извлечени од реката. Останаа само претпоставки дека овие лешеви на некој начин биле поврзани со трагичните настани, кои се случиле пред неколку години претходно, односно имаат врска со убиството на Владо Ковачевиќ Треф, во 1997 година и грабежот кој година дена подоцна го изврши неговиот син од првиот брак Андреј.

Крвавото разбојништво во ноќта меѓу 4 и 5 декември во 1998 година било едно од злосторствата кои на крајот на 90-те години ја потресоа Србија. Тогаш седумнаесетгодишниот Андреј Ковачевиќ, син од првиот брак на Владе Ковачевиќ Треф, со уште двајца соучесници, ја ограбил фирмата на татко му, за изнајмување на автомобили, и однел од сефот речиси осум милиони германски марки.

Фирмата после неразјаснетото убиство на Владе Ковачевиќ во фебруари 1997 година, го водел Бојан Ковачевиќ Барјушевиќ, и неговата втора сопруга.

Поради тоа што Треф зад себе не оставил никаков тестамент, неговата втора сопруга Бојана, според законот, го наследила целокупниот имот. Андреј бил незадоволен со поделбата на имотот, затоа што речиси не добил ништо, па со двајца другари, дваесетгодишниот Александар Костадиновиќ и деветнаесетгодишниот Филип Гаврилови, смислил пеколен план, да ги украдат девизите од агенцијата „Треф рентакар“.

За таа акција ја искористиле благајничката Билјана Станојковиќ, која имала магнетна картица за отворање на вратата и просторијата и била единствената која ја знаела шифрата од сефот. Ковачевиќ непречен од никого, влегол во просторијата на агенцијата, затоа што лично го познавал чуварот Братислав Дачиќ, кој ладнокрво го убил со куршум во тилот. Неговата смрт се чинела дека е уште потрагична кога се дознало дека тој неодамна се оженил, а дека неговата сопруга била во шестиот месец од бременоста. Со помош на Билјана Станојковиќ го отвориле сефот од кого однеле 7,5 милиони марки. Несреќната жена подоцна ја однеле до Гарашкото езеро над Аранџеловци, каде ладнокрвно ја убиле.

Почетната истрага на овој суров злочин не можела да даде сигурен одговор, се додека во Ургентниот центар не се појавило момче кое било застрелано во нога, во внатшрената страна на бутот. Тамо потоа пристингал и дежурниот полицаец, и дојавил дека тој дал нејасна изјава за природата на својата повреда, по што момчето било однесено во полиција на понатамошно испитување. Тој таму изјавил дека е ранет во центарот на Младеновци, каде за време на некое славје, куршум од тарасата го погодил во нога. Искусните инспектори, таквата приказна не им делувала уверливо, па продолжие со испитувањето, за да некаде околу полноќ, момчето да изјави дека се вика Александар Костадиновиќ и дека е еден од учесниците во вооружениот грабеж. На изненадените инспектори им кажал неколку имиња.

Потоа открил како е ранет, и дека тоа се случило додека ја возеле несреќната Билјана Станојковиќ кај Аранџеловци. На Билјана, во последен момент и заѕвонел телефонот, а тој и репетирал пиштол во колата, и и се заканил дека ќе ја убие, ако не соработува.

Потоа тој пиштолот го ставил на појасот, но од невнимание, случајно испалол еден куршум и се ранил во нога.

На тој начин бил принуден да, кога му се слошило во попладневните часови, да побара помош во Ургентниот центар и клопчето со злочини да почне да се одмотува.

Набрзо потоа уапсен е и Андреј Ковачевиќ, кој се предал на полицијата откако бил поткажан од страна на неговата мајка Весна. Кај него меѓутоа, не се пронајдени сите пари.

Андреј подоцна бил осуден на максимална казна од десет години малолетнички затвор. Поради добро однесување често користел слободни викенди, но почниал на 03.09.2006 година, во попладневните часови во една страшна сообраќајна несреќа на раскрсницата на улицата Кнез Вишеслав и Милој Закиќ, кога мотор со марка „Јамаха“, удрил во „заставата 101“.

Александар Костадиновиќ е осуден на 15 години затвор, но, еден од актерите во грабежот, Филип Гавриловиќ никогаш не бил откриен. На него му се губи секаква трага, како што им се изгубила трагата и на четирите милиони марки, кои никогаш не биле пронајдени, додека тие пари не биле споменати дури ни на судењето.

Гавриловиќ не исчезнал сам, и со него побегнале и неговиот татко, кој бил коцкар и еден нивен пријател. Од нив никогаш не биле пронајдени ни трага ни глас, а тогаш година дена подоцна, на Дунав во Голубац, кај Пожаревац, деца откриле сандуци со лешеви.

 

Кој биле трите несреќници кои биле убиени на ваков суров начин, до ден денешен останало тајна.

Scroll to Top