(Видео) Украински политичар со киселина убил новинарка

Украинската полиција го уапси поранешниот пратеник на владејачката партија, Игор Павловски кој се терети за напад со киселина на активистката за борба против корупција, Катерина Ханџујкова.

Портпаролот на украинското обвинителство соопшти дека Катерина која работи како новинарка починала на почетокот на овој месец.

Непознат сторител на 31 јули фрлил врз Катерина околу еден литар киселина. Во нападот активистката се здобила со тешки изгореници на речиси 40 проценти од телото, а се здобила и со тешки повреди на очите. Катерина почниала на почетокот на ноември по безбројните третмани и операции.

Полицијата покрај Павловски, привела уште и пет лица во август, вклучувајќи и тројца на кои им е одреден домашен притвор. Засега останува нејасно кој го наредил нападот.

Украинските новинари наведуваат дека Павловски веројатно бил само посредник меѓу организаторите на нападот и лицето кое ја издало наредбата.

Ханџујкова (33) која работела и како советник на градоначалникот во градот Херсон, била остар критичар на корупцијата која владеела во силите за безбедност.

Катерина Хандзјук во септември објавила видео снимка во која ги повика Украинците да се борат против корупцијата.

„Знам дека сега изгледам лошо. Но, барем добивам лекарска помош. Знам дека изгледам многу подобро од правдата во Украина“, изјавила Катерина во видео-пораката.

.

 

Scroll to Top