(Видео) Венеција: Гондола се преврте поради туристи кои одбиле да седнат и да престанат да прават селфи

Група туристи паднала во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела откако не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат.

Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.

Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возела во гондола и правела селфи кога се случил инцидентот.

Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела, пишува Гардијан.

Scroll to Top