Египетските фараони ги граделе пирамидите, а често во нив биле и погребувани. Чудесните пирамиди се граделе меѓу владеењето на кралот Џосера (2630-2611 година пред новата ера), кој ја изградил шесткатната градба во Сакара, до времето на кралот Ахмосе I (1550-1525 година пред новата ера). Тогаш е подигната последната позната кралска пирамида во Египет во Абидосу.
Се претставувале симболите на нивната моќ, богатство, но и верски убедувања. Затоа се поставува прашањето, зошто старите Египќани престанале да ги градат пирамидите?
Во ангички Египет конструкцијата на пирамидата почнала да изумира по владеењето на Ахмосеа кога фараоните почнале да ги погребуваат во долината на кралевите недалеку од Теба, денешен Луксор.
Првата потврдена кралска гробница во долината ја изградил Тутмос I (владеел од 1504 до 1492 пред нашата ера), но се верува дека и неговиот претходник Аменхотеп исто така имал свое гробно место во долината на кралевите, а тоа денес е предмет на голема дискусија меѓу египтолозите.
Зошто се престана со градење на пирамидите?
Не е сосема јасно зошто фараоните се откажале од пирамидите, но се верува дека тоа е поради безбедносните причини.
„Постојат голем број теории, но затоа што грабежот на гробниците не можел да се избегне, скривањето на кралските гробници во далечните долини, врежани во каменот, сигурно одиграле важна улога“, рече професорот по египтологија на Универзитетот „Харвард“, Питер дер Мануелиан.
Професорот на Универзитетот во Бристол, Ајдан Додсон, рече дека Египќаните пред да се откажат од градењето на пирамидите веќе престанале да ги поставуваат гробниците под нив. Последната кралска пирамида е на Ахмосеа I и Абидос, кои своите гробници ги имаат длабоко во пустината, околу половина километар подалеку.
Еден историски запис, кој би можел да содржи важни докази, го напишал човек по име Инени, а бил задолжен за изградба на гробницата Тутмос I во долината на кралевите. Тој навел дека самиот го надгледувал ископувањето на гробницата, „никој не гледал, никој не слушал“, што укажува дека тајноста била многу важна.
Природната топографија на долината на кралевите може да објасни зошто баш таа локација е избрана за погребување на владетелите. Има шпиц кој потсетува на пирамидите.
„Шпицот личи на пирамида така што може да се смета дека владетелите биле погребувани во подножјето на пирамидата“, рече египтологот Мирослав Барт, пренесува Live science.
За Египќаните, пирамидите биле важни затоа што претставувале место за воздигнување и трансформација, односно премин во задгробниот живот.
Луксор, кој станал глвен град на Египет за време на Новото кралство (1550-1070 пр. н.е.), исто така можел да има важна улога во откажувањето од градење пирамиди.
Како што навел Додсон, градот е ограничен простор со доста издигнувања и вдлабнатини. Со други зборови, Луксор бил премногу мал и архитектонски барал во него да се градат импозантни градби како пирамидите.
Освен тоа, имало промени и во религиските верувања затоа што Египќаните почнале да градат подземни гробници, па пирамидите станале вишок.
За време на Новото кралство, идејата кралот да патува ноќе низ подземјето станала многу популарна, а тоа барало софистицирани планови за гробници, кои се правеле длабоко под земјата, навел Барта. Подземните гробници врежани во камењата во долината на кралевите добро се вклопиле во замислата.
Сепак, иако фараоните престанале да ги градат пирамидите, богатите поединци продолжиле со таа пракса. На пример, гробница стара 3.300 години во Абидос била изградена за писарот Хоремхеб, а на влезот имало пирамида висока 7 метри.
За време на првиот милениум пред Христос, пирамидите се граделе и во Нубиј, подрачје што го чинат денешен Судан и делови од јужен Египет.
Нубијците ги граделе како за членови на кралското семејство така и за обичните граѓани. Не е познато колку точно се изградени, но се верува дека има околу 180 кралски пирамиди, а за поединци биле подигнати многу повеќе.
Владетелите на Нубије престанале со градба на ваквите објекти пред речиси 1.700 годин.
Повеќевековна мистерија
Со векови историчарите и археолозите се обидувале да дојдат до одговорот како друштвото од бронзената доба, која не била технолошки развиена, успеало да помести огромни блокови од варовник и гранит од кои се изградени пирамидите во Гиза.
Изградбата од блокови, во просек тешки 2,3 тони во случајот со Големата пирамида, денес стојат речиси недопрени. Како древните Египќани успеале да ги изградат пред 1.000 години и понатаму останува мистерија.
Според зборовите на Мустафа Вазарија, секретарка во египетското Министерство за антиквитети, пронаоѓањето на рампата е многу важно откритие затоа што таа е првиот доказ што покажува како блоковите биле подигнувани и транспортирани од каменоломот.
Иако не е разјаснето како блоковите се подигани на страничните делови од пирамидата, откривањето на рампата би можело да даде нови насоки во разбирањето на самата техника на градење.
Во каменоломот за алабастер во Хатнуб, северно од градот Луксор, пред неколку години е пронајдена 4.500 години стара рампа за која се верува дека Египќаните ја користеле за транспорт на камени блокови од каменоломот до градилиштето.
Имено, основниот материјал во изградбата на пирамидата бил варовник, алабастер, еден вид мермер, кој се користел за поплочување на подовите и изработка на киповите и саркофагот. Системот на рампи за транспорт на ископаниот алабастер, кој датира од периодот на владеењето на Кеопс, вториот фараон од 4. династија на древен Египет, веројатно се користел за транспорт на камените блокови од други каменоломи.
„Системот се состои од централна рампа и два пара скали на секоја страна. Во скалите има дупки, кои ги држеле силните дрвени столбови. Градителите ги подигнувале блоковите од алабастер на дрвени косини, а за повлекување на блоковите се служеле со јажиња“, објаснил тогаш Јанис Гордо од францускиот Институт за археологија.
Освен рампите, археолозите пронашле и стотина папируси, кои сведочеле за посетите на фараонот во каменоломот Хатнуб.
Пронајдени се и 4 камени плочи. На едната од плочите е прикажан човек кој стои, а на преостанатите 3 се хиреоглифски записи, кои истражувачите не успеале да ги одгатнат затоа што биле во лоша состојба.
Папирусот открива сè?
Откритието на натписите на античкиот папирус за древните чамци и генијалниоит систем на водни канали фрли ново светло на импозантната инфраструктура што ја создале градителите на Гиза.
На парче папирус, кое е најдено на пристаништето Вади ал-Џарф, кој лично го напишал надзорникот Мерер, лидер на тимот од 40 елитни градежници, детаљно е опишано како 170.000 тони тешки блокови варовник биле пренесени преку Нил до Гиза.
Работниците ќе ги натоварале блоковите на дрвените бродови, кои биле меѓусебно поврзани со јажиња, а потоа бродовите пловеле низ каналите до внатрешноста на пристаништето, кое било оддалечено само неколку километри од пирамидата.
Работниците, всушност, преку каналот го пренасочиле текот на реката Нил. Иако тоа веќе долго време се знае дека гранитните блокови од кои се изградени пирамидите се доопремени од Асван, 855 метри јужно од Гиза, а блоковите од мермер од Туза, 8 километри подалеку, археолозите не може да се согласат во врска со тоа како градежниот материјал бил точно пренесуван.
Остатоците од каналот се пронајдени под правливото плато во Гиза, како и главниот слив каде што се вршат главните испораки.
Во овој проект учествувале неколку илјади луѓе.
Ги граделе поради крокодилите?
Во 2019 година египтологот и истражувач Ричард Бенгс претстави интересна теорија за тоа зошто античката цивилизација изградила пирамиди. Бенгс рече дека една од причините за создавање на овие импозантни градби е појавата на крокодили.
Секоја година долината на Нил била погодувана од поплави, но покрај плодното земјиште што останувало по повлекувањето на водата, поројот носел и непоканети гости, крокодили.
Овие влечуги ги поплавувале бреговите на Нил. Во многу гробници се пронајдени мумифицирани крокодили, кои ги придружуваат фараоните во задгробниот живот. Се наведува дека Египќаните го поврзувале појавувањето на крокодилите со повторното раѓање, па тоа објаснува зошто крокодилите имаат посебна симболика во локалната митологија.