Виенскиот терорист Кујтим Фејзулај, кој на 2. ноември пукаше врз четири лица, наводно работел како службеник во обезбедувањето во болница во Виена.
Тој бил ангажиран како обезбедување на болницата, за време на првиот карантин, поради коронавирусот, кој се раширил низ земјата.
Негов долгогодишен познаник, кој јавниот обвинител во Виена го сомничи за соучество, ова го најавил на сослушувањето, по апсењето.
Според протоколот на испрашувањето, до кое АПА стигна и имаше можност да го прегледа, Фејзулаи и другите наводни салафисти, кои сега се во притвор како можни соучесници, пролетта биле маргинално вработени како обезбедување во болницата.
Нивниот работен однос, не бил поврзан со операторот на болницата, туку директно со компанијата која се занимавала со таков тип на работа.
Службата за безбедност била секојдневно организирана преку Acap групата, објаснл пријателот и познаник на Фејзулај. Фејзулај цело време го следел сведокот во судницата, во која подоцна бил осуден за учество во терористичка организација во април 2019 година.
Сведокот посочил дека и тој бил прашан дали сака да заработи дополнителни пари, ако се зачлени во службата за безбедност, но вели дека ги одбил.
Терористот кој пуштил брада по условното ослободување во декември 2019 година, веројатно ја негувал со помош на реставратор за коса. Кога сведокот го прашал Фејзулаи со што ја негува неговата релативно ретка брада, тој му препорачал апарат и дополнително му го оставил неговиот.
Истражителите ја отфрлиле можноста дека терористите го користеле видено-безбедносниот јавен превоз, како што е метрото, за да се возат од станот во кој живееле, до центарот на градот. Но, не ја отфрлаат можноста дека стигнале до центарот на градот со возило од компанијата доставувач на услуги, „Убер“. Ова го пренесува магазинот „Профил“.
Возачот од компанијата „Убер“, пријавил дека возел човек кој одговара на имиџот на терористот. Ова е цитирано од полицискиот извештај, направен во ноќта на терористичката акција.
„Тие податоци се проверени“, изјавил Маркус Дитрих, портпаролот на одделението на државната полиција, во понеделникот попладнето.
Портпаролот на државната полиција изјавил дека на почетокот видео записите кои ги добиле не давале детални и веродостојни информации за начинот на кој терористите патувале, со оглед на тоа што тие не се движеле пешки, ниту пак возеле велосипеди.