Викилкс објави документи со обвиненија за Џулијан Асанж од страна на американското обвинителство. Според Викиликс, јавното обвинителство во САД, било невнимателно со објавата документите кои требало да бидат тајни.
Американското министерство за правосудство случајно ги открило точките на обвиненија, против основачот на Викиликс во 2010 година, Жулијан Асанж.
„Обвинителството правејќи копи/пасте грешка поврзана со друг случај во источниот округ на Вирџинија, кој не е поврзан со Асанж, по грешка ги објавило обвиненијата за директорот на Викиликс“, пишува Викиликс на Твитер.
Засега не е познато за што точно САД го обвинува Асанж.
SCOOP: US Department of Justice “accidentally” reveals existence of sealed charges (or a draft for them) against WikiLeaks’ publisher Julian Assange in apparent cut-and-paste error in an unrelated case also at the Eastern District of Virginia. https://t.co/wrjlAbXk5Z pic.twitter.com/4UlB0c1SAX
— WikiLeaks (@wikileaks) November 16, 2018