Проданоски: Со предлозите на граѓаните ќе го креираме Буџетот на Прилеп за 2027 година

Општина Прилеп започнува средби со граѓаните во рамките на консултациите за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски ги повика жителите активно да се вклучат со предлози и идеи за утврдување на приоритетите.

Целта на средбите е преку отворен дијалог да се согледаат потребите на граѓаните и заеднички да се планираат вложувања за подобрување на условите за живот во сите населби.

За вечерва, во 18:00 часот, во просториите на Општина Прилеп е најавена средба со жителите на урбаните заедници Аличаир, Вишне и Ѓогдере.

 

Од локалната самоуправа ги повикуваат жителите да ги споделат своите предлози и да придонесат во креирањето на буџетските приоритети.

„Вашето мислење е важно. Заедно ги планираме приоритетите и создаваме подобра општина за сите!“, се наведува во повикот.

Scroll to Top