Неодамнешната приказна која ја објави британски „Сан“, во која се тврди дека рускиот претседател Владимир Путин покажува симптоми на Паркинсонова болест и дека во блиска идниа би можел да отстапи од должноста претседател, стана најнов додаток на значајната листа на шпекулации за неговото здравје, кое во текот на години се појавува низ медиумите.
Според таблоидот, политикологот од Москва, Валериј Соловеј, сугерирал дека Путин има симптоми на споменатото пореметување, додавајќи дека неговите ќерки, заедно со Алина Кабајева, која „Сан“ ја опиша како претседателската гламурозна љубовница и поранешна гимнастичарка, му извршиле притисок да си поднесе оставка.
И додека портперолот на Кремљ, Дмитриј Песков веќе ги отфрлил ваквите наводи, опишувајќи ги како лажни и апсолутни глупости, „Сан“ посочува на неколку примери кои се слични за здравјето на Путин, за кои и претходно медиумите пишувале.
Извештајот на британски „Телеграф“, за одложената посета на Путин во Казахстан и исчезнувањето од јавноста, ги поттикнаа гласините за неговото нарушено здравје уште во 2015 година.
Медиумите понатаму се повикувале на некои руски медиуми кои сугерираат дека Путин обновил некоја стара повреда на грбот, кога летал со моторизиран змај, предводејќи група сибирски жерави во нивните јужни зимски одморалишта.
Пешков подоцна посочи дека рускиот претседател е добро и посочи дека не сите состаноци кои тој ги одржувал биле јавни.
Во октомври 2014 година, Ричард Џонсон во текст за „Пејџ Сикс“, тврдел дека Путин имал рак на панкреасот и дека наводно го лекувал постар лекар од Источна Германија, кого го запознал пред неколку децении, додека работел во Дресден за КГБ.
Авторот дури и го цитирал Криспин Блек, британски воен ветеран, кој известувал за тероризам и изнел известувачки податоци, за помилувањето на Михаил Ходорковски.
Тој помилувањето од страна на Путин го опишал како застрашувачки знак и дека на тој начин Путин сакал да си ја исчисти совеста.
Џонсон пишува и дека Путин имал уште три години живот и дека сакал неговиот наследник да продолжи со неговата политика на проширувањето на руските граници, исто како што тоа го направил Петар Велики и Сталин пред него.
„Би-би-си“ го цитирале поранешниот јапонски премиер Лошишико Нода, дека Путин ја одложил нивната меѓусебна посета, поради лошата здравствена состојба.
Медиумите често ги споменувале шпекулациите за Путин и неговите проблеми со грбот, вклучувајќи ја и наводната повреда на мозочниот р’бет, која рускиот претседател ја добил за време на еден џудо меч, на турнир на кој учествувал и белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Според шпекулациите шефот на руската држава наводно не престанал да прима посетители поради лошата здравствена состојба. Тој постојано бил на средби со голем број на меѓународни личности меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел.