По пандемијата со коронавирусот рускиот претседател Владимир Путин ќе се ангажира околу креирањето на Новиот светски поредок, пишува vestinet.rs.
„Пандемијата на короанвируот не ги смири односите меѓу водечките сили и држави, туку напротив допринесе за засилена конкуренција во односите меѓу тие земји, кои и така се бременити со проблемите и можат да предизвикаат конфикти од глобални размери“, изјавил министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.
Тој во својот реферат „Заштита на мирот, планетата, слободата на избор за сите земји“, ги претстави новите идеи за наворешната политика на Русија.
Имено кажано Русија мора да го запре Западот, затоа што, кога Русија во деведесетите години, дефакто се откажа од политиката на воздржаност, се случија нападите на Србија, Ирак и Либија, велат составувачите на овој реферат.
Сергеј нагласил дека пандемијата со „Ковид-19“, не довела до потребното зближување, туку обратно, се засилиле можностите за нови меѓународно конфликти, со учество на големите сили, па дури и можност за конфликти меѓу глобалните сили.
Сергеј напоменува дека не поминала ниту опасноста од избивање на нуклеарна војна. Русија исто така разработила нова стратегија за време кое доаѓа по пандемијата и најавува собирање околу себе, на сите незападни земји, а потоа кога таа коалиција ќе се засили, ќе почне и со привлекување на западните земји.
Сергеј смета дека последиците од короната, економскиот пад и рецесијата, ќе предизвикаат и ќе доведат до создавање на Нов светски поредок, кој ќе настане по смената на стариот. Тој е убеден дека доаѓа време на големи глобални промени, пишува vestinet.rs.
„По пандемијата, ќе се засилат борбите на големите сили за лидерство во светот“, вели Сергеј и истакнува дека Русија би требало да ја завземе позицијата на заштитник на мирот во светот и да се позиционира како јамец на суверениттот на малите држави, односно на истите да не им се наметнуваат разни асоцијации и патишта за развој.
Патишта кои не им одговараат или тие држави не ги посакуаат. Тој вели дека државите самите треба да одлучат за својот развој и својот суверенитет.
„Без било каков хегемонизам“, вели Сергеј. Тој Русија ја гледа како предвоник на тие незападни држави.
Во тоа очигледно Русија ја гледа својата шанса како конкурент на Западот во борбата за доминација, преку пораките за самостоен избор на развој на секоја поединечна земја, односно, заштита на полтичко, културно, цивилизациски разлики, суверенитетот на државата и самостојниот избор за свој развој и политички избор.
Новата политика за заштита на мирот, треба да се развива постепено, во перспектива за неоки 10 до 15 години, вели политикологот Сергеј Караганов, еден од авторите на проектот.
Тој смета дека Западот негативно ќе реагира на ваквите предлози, што само ќе придонесе за популаризација на проектот во незападните држави. Русија, како што вели Караганов за весникот „РБК“, смета на арапските земји, членките на БРИКС, членките на АСЕАН, Јапонија, Јужна Кореја, Турција и Кина.
Кога, коалицијата за мир и Земја, ќе се создаде и ќе се засили, може да почне со привлекување и на западните земји. Имено кажано, Русија мора да го спречи Западот, затоа што, кога Русија во деведесетите години, дефакто се откажа од политиката на воздржаност, се случија нападите на Србија, Ирак и Либија, велат составувачите на овој реферат.
Затоа треба да се потпише договор со САД за намалување на стратешкото офанзивно вооружување. Третата ставка на новата руска стратегија, како што вели Сергеј, е борбата за екологијата и зачувување на животната средина.
На таа трага, од неодамна е поранешниот премиер на Русија, а сега потпретседател на Советот за безбедност Дмитри Медведев. Тој изјавил дека по пандемијата, ќе дојде до нова прераспределба во светот и дека Русија ќе ја предводи иницијативата за голем самит на шефови на држави членки на Обединетите нации и Советот за безбедност.
„Таквиот состанок е неопходен“, вели Медведев.
Тој вели дека демократијата, без сомнение ќе опстане, но, според него, тоа ќе биде демократија која ќе мине низ многу искушенија.
Медведев е сигурен дека светот по пандемијата на коронавирусот ќе биде поинаков и ќе дојде до промена во нашите организации за демократија. Демократијата, според него, не е свето писмо инешто што е вечно и засекогаш дадено.
„Не се тоа класични канони, тоа е постојан развој, вели Медведев и смета дека пред политиколозите, треба да се согледаат сите последици од пандемијата на политички и социјален живот“, вели тој.
Тој е убеден дека треба доста време да помине, за да светот се врати на принципите на активен глобализам. Освен тоа, тој напомена и дека се сомнева во брзо враќање на Шенгенот, сметајќи дека ќе дојде до понатамошно затворање на националните граници.
Извор/vestinet.rs.