Најголемите светски компании, челни луѓе на одредени држави и други големи имиња на глобалната политичка сцена, но и во сферата на забавата и спортот, кои целиот свој имот го имаат скриено во рамките на тајните даночни прибежишта, оваа недела ќе бидат откриени од страна на направениот истражувачки проект кој ќе го испита офшор-царството на Велика Британија, јавува британски „Гардијан“.
Податоците се појавија во период од една недела по обелоденувањето во јавноста на 13,4-милионите датотеки, во кои се обележани имињата на некои од светските ѕвезди и нивното опкружување. Во нивниот простор на дејствување цветала злоупотребата на даночното затајување, како и начинот на кој најмоќните компании во светот легално си го заштитиле своето богатство.
Документите што стигнале од двата провајдера на офшор-компаниите регистрирале 19 даночни прибежишта и тие паднаа под перото на германскиот „Зидојче цајтунг“, а сѐ е објавено благодарение и на партнерите во кои спаѓаат и британските „Гардијан“, „Би-би-си“ и „Њујорк тајмс“.
Во рамките на проектот наречен „Рајски документи“, меѓу другото, е наведено:
- Милиони фунти од приватниот имот на кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора, кои се вложени во фондот на Кајманските Острови, завршиле кај еден трговец обвинет за експлоатирање сиромашни семејства.
- Во обилните офшор-дејствувања забележани се и членовите на Кабинетот на претседателот на САД, Доналд Трамп, како и негов советник и донатор. Вклучени се и големите исплати од фирмата чиј сопствениот е зетот на Владимир Путин, кој е поврзан со американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос.
- Потоа забележано е како преку социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ се префрлени стотина милиони долари инвестиции, чиј извор се државните финансиски институции на Русија.
- Фондот на Кајманските Острови е место каде што се избегнува плаќањето на даноците, а на ова место царува главниот човек за финансии на Канада, премиерот Џастин Трудо.
- Во офшор-фондот вреден 450 милиони долари, за кои претходно не се знаело, се чувало богатството на лордот Ашкрофт.
- Во интензивното избегнување на плаќањето данок учествувале и светските компании, меѓу кои биле и „Најки“ и „Епл“.
- Во документите е наведен начинот на кој некои од најславните светски имиња во филмската и телевизиската индустрија ги заштитиле своите финансии низ офшор-шемата.
- Милијардите даночни затајувања на островите биле правени и со цел да се избегнат плаќањата за приватните авиони и луксузните јахти.
- Потоа, наведени се и тајни позајмувачи и договори кои ги користела мултинационална компанија со седиште во Лондон во обид да ги осигури правата за рударство во Конго.
- Исто така, забележливи се и офшор-мрежи што ги користеле двајца руски милијардери за купување акции во фудбалските клубови „Арсенал“ и „Евертон“.
Во целата реализација и објавувањето на оваа истрага учествувале повеќе од 380 новинари, кои една година ги прегледувале документите, а некои од нив датираат и од пред 70 години, период во кој владеела глобална финансиска нееднаквост.
Во меѓувреме мултинационалните компании го префрлаат растечкиот дел од профитот во офшор-компании. Само во изминатата година пресметано е дека биле префрлени 600 милијарди долари, а тоа неделава ќе го обелодени водечкиот светски економист Габриел Зукман.
„Даночните прибежишта се еден од клучните сегменти во растот на светската нееднаквост. Додека таа расте, офшор-избегнувањето на плаќањето данок станува елитен спорт“, наведе Зукман.
Од компанијата „Епл“ дури и се гордеат со тоа што тие се водечки член на овој магичен круг на офшор-фирми од најголем ранг. Оваа комапнија влијаела во основањето на офшор-фирмите овозможувајќи им на структурите легално да ја намалат нивната пресметка за данок.
Од „Епл“ наведуваат дека ги прегледале сите обвинувања и утврдиле дека нема доволно докази за направен престап како од нивна страна така и од нивните клиенти.
„Ние сме правна фирма која советува за законити начини на водење бизнис. Ние не ги толерираме нелегалните дела“, наведува „Гардијан“.