Волонтерите на НАСА кои поминаа повеќе од една година во бункер кој симулира услови на Марс, ја завршија својата мисија.
По 378 дена во 3Д-печатен бункер кој ги имитира условите на Марс, лоциран во Тексас, Кели Хејстон, Анка Селарио, Рос Броквел и Нејтан Џонс излегоа надвор.
Волонтерите беа дел од мисијата на НАСА за истражување на здравјето и перформансите (CHAPEA), која започна на 25 јуни минатата година, пренесува Sky News.