Теоретичарите на заговор, кога ги разгледале и анализирале транскриптите, сѐ повеќе се убедени дека астронаутите за време на мисијата „Аполо 11“ забележале знаци од активности на вонземјани.
Во мисијата во 1969 година учествувале двајцата први луѓе што слетале на Месечината, Нил Армстронг и Бал Олдрин.
Тројцата, вклучувајќи го и Михаел Колинс, пред да слетаат на Месечината, со своето вселенско летало орбитирале околу Земјиниот сателит.
Астронаутите во тој период забележале чудни кратери, кои ги вознемириле и почнале со чудни дискусии.
Но, поради терминологијата на астронаутите, теоретичарите на заговор веруваат дека забележале докази од вонземјани.
„Тоа е спектакуларен кратер“, изјавил господин Алдрин.
„Мора да има нешто повеќе во овие кратери, оние конусните“, продолжил Колинс.
„Луѓето што живеат таму веројатно никогаш не излегуваат надвор“, дополнил Армстронг.
„Оф, господе, види го оној кратер „Молтка“, тој ми е омилен. Погледни го тој кучкин син“, рекол Колинс.
„Ги гледаш ли сите тие патишта, триаголни патишта, кои поминуваат покрај него?“, продолжил Колинс.
Теоретичарите на заговор напишале на ова видео, поточно на аудиото од мисијата, дека се убедени во тоа оти разговорот меѓу астронаутите е доказ дека тројцата астронаути забележале некаква вонземска активност.
HipHop Geek напишал: „Ги имаме сите овие докази, а луѓето и понатаму одбиваат, дури и да размислат за концептот дека постои поинаква интелигенција таму на Месечината“.
„Мораш да бидеш многу наивен да веруваш дека војската и НАСА не ги покриле трагите и не го забошотиле целиот случај во кој се вмешани УФО или вонземјаните. Има премногу индиректни докази дека не сме сами во овој соларен систем“, напишал Кристофер Филипс.
Сепак, има и такви што не се целосно убедени во тоа.
„Астронаутите немаат поим. Тие се наоѓале во нова околина за која ги надминале своите предрасуди за она што го виделе. Разбудете се, таму нема ништо“, напишал Saved2theLight.
„Да, ова е сра*е“, напишал Флип Годфри.