Поради лошото досие на Кристофер Стил, американското Министерство за правда ги следело Трамп, неговото семејство, неговите соработници, неговиот транзиционен тим и неговата администрација. А колку и што знаел Сергеј Скрипаљ за досието на Стил?
Сергеј Скрипљ бил регрутиран додека работел во Амбасадата на Британија во Естонија. Така барем тврдат руските безбедносни служби. Кога Русија открила дека Скрипаљ е од британската служба МI6, добил 100.000 долари за во 2006 година да ги издаде имињата на руските известувачи во Европа, истата година кога е отруен рускиот двоен агент Александар Литвиенко, кој е осуден на 13 години затвор. Но, во 2010 година Скрипаљ бил еден од четворицата затвореници пуштени од Москва во замена за 10 руски шпиони во Соединетите Американски Држави, по што е префрлен во Велика Британија, каде што се дружел со Кристофер Стил.