(Втор дел) Вакцините во Македонија се задолжителни, а во европските земји не!

Доктор Слаѓана Велков потенцира дека вакцинацијата во одредени делови во светот не е задолжителна. Велков како примери ги потенција државите како Германија, Холандија, Луксембург, Велика Британија, Данска, Ирска, Шпанија, Португалија, Австрија, Финска, Шведска, Норвешка, Кипар, Естонија, Латвија, Литванија и Швајцарија.

Од друга страна Велков вели дека во поголемиот дел од европските земји на Балканот вакцинацијата е задолжителна. Таа ги споменува државите како Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија.

Велков предупредува за нарушување на правата на луѓето во земјите каде што вакцинацијата е задолжителна. Во овие земји институциите се закануваат дека ќе забранат запишување на децата во училиште. Исто така се одредуваат и казни за одземање на децата од родителите кои ќе решат да не ги вакцинираат. Велков вели дека ваквото нешто е противзаконски. Доктор Велков објаснува дека никој од жителите во земјите од западна Европа не е принуден да го вакцинира своето дете, иако во овие држави вакцините се промовираат преку агресивни кампањи.

Историските податоци говорат за неефикасноста и бесмисленоста на вакцините

„Имаме податоци, графикони и студии од голем број врвни светски експерти кои несомнено покажуваат дека вакцините не искорениле ниту една болест.  Тие се користеле во период, откако веќе 90% од болестите биле искоренети“, вели Велков.

Заразните болести се искоренети благодарение на подобрата хигиена, подобра исхрана, подобрите услови за живот, појавата на фрижидерите и ладилници и слично. Велков посочува неколку примери низ историјата.

Велков вели дека историските податоци говорат дека за време на појавата на одредени епидемии, поголем број од лицата кои заболеле се покажало дека претходно биле вакцинирани.

Велков го посочи примерот во периодот од 1871 година до 1872 година, кога се создала епидемија на мали сипаници. По масовното вакцинирање против мали сипаници починале 45.000 луѓе.

Во Германија од 1940 година до 1945 година по масовното вакцинирање против дифтерија (заразна болест што се карактеризира со воспаление на слузокожата на душникот, грлото и носот и со општа затруеност на организмот) се создалa уште поголема епидемија.

Во 1972 година во Гана се случила една од најстрашните епидемии на мали сипаници меѓу вакцинираната популација. Во Велика Британија во периодот меѓу 1970 година и 1990 година, се забележани 200.000 заболени лица од голема кашлица. Бројот на заразени бил забележан кај децата кои биле вакцинирани против голема кашлица.

Во Индија во 70-тите години од минатиот век, се регистрирани 260.000 случаи на туберколоза, меѓу вакцинираната популација.

Во 1977 година доктор Џонас Салк, човекот кој ја развил првата вакцина против детска парализа, сведочел пред Конгресот. Салк објаснил дека масовната вакцинација против детската парализа, е одговорна за повеќето случаи на детска парализа во САД од 1961 година.

Во 1979 година Шведска поради неефикасноста на вакцината се откажала од вакцинацијата против големата кашлица затоа што оваа болест се јавувала кај вакцинираната популација.

Во Оман во периодот меѓу 1988 и 1989 година избила епидемија на детска парализа меѓу вакцинираните деца.

Во 1944 година списанието New England Jouranl of Medicine објавува истражување дека преку 80% од децата помлади од 5 години заболеле од голема кашлица, иако биле вакцинирани.

Во 1990 година списанието Journal of the American Medical Association, објавува текст во кој вели дека масовната појава на мали сипаници се случува во училиштата токму меѓу вакцинираните деца.

Аутизмот е поврзан со вакцинацијата?

Велков вели дека бројот на аутистични деца драстично е зголемен во последните неколку години. Таа вели дека аутизмот се шири како епидемија.

Бројот на аутистични деца во периодот во 1980 година имал сооднос од 1:10.000 (едно дете на десет илјади деца), додека истиот тој драстично се променил во однос на 1:50 (едно дете на педестина деца) во 2013 година.

Велков вели дека станува збор за катастрофални податоци. Податоците од подрачјето на САД не се разликуваат премногу од европските статистики.

Во видеото можете да слушнете што се зборува во американскиот Конгрес  за аутизмот. Во истото видео се разоткриваат голем број скриени игри, кога се во прашање вакцините.

Сè поголем број студии покажуваат дека вакцините се причина за аутизмот. Доктор Лаура Хавитсон и нејзините колеги направиле студија врз примати на Универзитетот Питсбург во Пенсилванија (САД).

Приматите биле вакцинирани со стандардни вакцини во дози што одговараат на нивната тежина. Кога пораснале возрасните мајмуни, заболеле од аутизам, што не било случај со невакцинираните мајмуни.

Судот во Тајланд во 2012 година пресудил во еден случај дека аутизмот е предизвикан од примена вакцина. Владата на оштетениот морала да му исплати 174.000 евра оштета. Подоцна пред судот се појавиле стотина други случаи.

Доктор Велков вели дека природниот имунитет и имунизацијата се две сосема различни работи. Кога вакцината ќе стигне во телото, таа го зголемува бројот на антитела.

Телото природно се брани од страните тела кои влегуваат преку неприроден пат во организмот. Во случаите кога ќе биде примена вакината, антителата ги напаѓаат органите на секое место каде што дејствува вакцината.

Појавата на антитела во крвта, по примањето на вакцината нама никаква врска со имунитетот вели Велков. Бројот на антитела ќе се зголеми и ако место вакцина, во мускулот ставиме масло, смета Велков.

Таа објаснува дека тоа не е природен пат на продор на микробите и дека во таквите случаи телото автоматски го напаѓа страното тело.

Продолжува

Scroll to Top