Огромен астероид патува во правец на Земјата. Научниците очекуваат за 10 години тој да помине покрај нашата планета. Неговиот потенцијален удар, тие велат дека би можел да остави трајни последици по животот на земјата.
Астероидот го нарекле 99942 Apofis, а е широк 340 метри. Се предвидува дека ќе мине покрај Земјата на оддалеченост од 30.000 километри, со брзина од 40.000 километри на час.
Англискиот портал „Експрес“ пишува дека неговиот правец би можел да се промени додека стигне до нашата галаксија. Првиот човек на компанијата „Тесла“, Илон Маск, вели дека засега човештвото нема одбрана од него.
За потенцијалните опасности кои претставуваат закана од вселената, како и за неможност за каква било одбрана, говорел и Џозеф Нут, научник од НАСА.
Тој изјавил дека голем објект од вселената, од типот на астероидот кој удрил во Земјата пред 66 милиони години и ги уништил диносаурусите, повторно би можел да удри во нашата планета.
Проблемот е тоа што ако научниците навистина откријат таков објект, не постојат премногу опции кои би можеле да се направат за да се заштитат од ударот и да спречат потенцијално уништување на човечкиот род.
Научниците во НАСА предложиле дека направиле летало за пресретнување на вселенски објекти и доколку дојде до таква опасност, би се скратило времето потребно за организација за спасувачка мисија на нашата планета, наведува британскиот портал „Експрес“.