Заговорниците открија зошто НАСА нѐ лаже дека земјата е тркалезна

Иако теоријата дека Земјата е рамна плоча одамна е отфрлена, денеска сѐ повеќе заговорници веруваат во неа.

За тоа сведочи и фактот дека на меѓународната конференција „Рамна Земја“ присуствуваа голем број луѓе.

Тие тврдат дека вселенските мисии се лажни, дека НАСА нѐ мами и дека светските влади нѐ лажат. Еден од говорниците на конференцијата, Роб Скиб, откри и зошто НАСА наводно лаже дека Земјата е тркалезна.

„Голем број од нас веруваат дека го кријат Бога. Тоа за мене била ултимативна мотивација“, изјави Скиб.

Тие и другите заговорници на теории за рамна Земја веруваат дека таа е токму таква каква што е опишана во Библијата и дека НАСА тоа сака да го забошоти. Убедени се дека според текстовите од Библијата не може да се заклучи дека станува збор за хелиоцентричен систем.

„Станав скептичен кон сѐ“, вели Скиб.

Поранешниот англиски играч на крикет, Ендру Флинтоф, минатата година откри дека станал опседнат со теориите за рамна Земја.

 

„Ако сте во хеликоптер и летате, зошто Земјата не доаѓа кон вас, ако е округла?“, се прашува Флинтоф.

„Зошто ако се движиме кон вселената, водата останува мирна? Зошто не се поместува?“, вели Флинтоф.

 

Scroll to Top