Iнформацијата за породувањето на љубовницата на Путин, Алина Кабајева е лажна вест сметаат љубителите на заговор. Низ руските медиуми сега се појави информација дека поранешната гиманстичарка била помешана со фотомодеот Саша Кабајева, од руското ријалити шоу „Фарма. Збрката настанала поради нивното исто презиме.
Dom2Life.ru, е првиот сајт кој ја објави веста за породувањето на Алина, а како автор се споменува познат новинар кој имал одлични врски во полицијата. Ниту од Кремљ ниту од Центарот за акуштерство и гинекологија „Кулакова“ досега не ја потврија ниту демантираа вестта дека Алина Кабајева родила близнаци.
Руските медиуми пренесуваат дека Саша не ја криела бременоста и јавно изјавила дека ќе роди син. Таа често пред породувањето одела во болница каде примала инфузија. Моделот доживеала силен стрес поради нејзиниот сопруг, познатиот кик-боксер Александар Липов, кој наводно имал проблеми со законот и учествувал во лихварство.
Затоа што медиумите кои ја објавија веста за породувањето на љубовницата на Путин немаат ниту фото, ниту видео докази, теоретичарите на заговор не веруваат дека станува збор за Алина. Идилата меѓу Путин и Кабајева прв ја објави „Московски кореспондент“ во 2008 година. Сопственикот на таблоидот набрзо потоа го згаснал медиумот.
Потоа периодично се појавиле информации од западните таблоиди. Откако Алина ги прекинала своите гимнастичарски активности и влегла во партијата на Путин, луѓето се повеќе биле убедени дека меѓу нив двајца постои љубовен жар.
Интригите за нивната врска продолжиле и по доаѓањето на Алина на местото раководител на информативниот холдинг, чии акционери се пријатели на Путин од Санкт Петербург. Кога во руските медиуми се појавила фотографија на Алина со синот, многумина објавија и фотографија од Путин од раната младост.
Минатиот декември на годишната конференција за новинари, на Путин му беше поставено прашањето дали и кога планира да се ожени и која ќе биде среќната избраничка.
„Како пристоен човек, тоа е нешто кое некогаш ќе морам да го направам“, одговори рускиот претседател, но не открил ниту кога ниту со кого планира да се ожени.
Она на кое на јавноста и е познато е дека Путин има две ќерки, Марија и Јекатерина, кои живеат и работат во Москва. Двете имаат завршено факултет и говорат по три странски јазици. Марија доби син во 2012 година.