На маргините на самитот G20 во Хамбург, вчера започна состанокот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, и нивниот прв формален разговор, лице во лице.
„Чест ми е што сум пред вас, фала ви“, изјави Трамп пружајќи му рака на Путин.
RT тврди дека притоа, Трамп го изговорил (фала) на руски, „spasiba“.
„Воодушевен сум што се состанувам со вас. Се надевам дека нашиот состанок ќе донесе некој резултат“, одговорил шефот на руската држава.
Ројтерс пренесува дека шефот на Белата куќа изјавил дека и двајцата „зборувале за многу работи“, и дека „мисли дека се ќе биде многу добро“, како и дека со „радост очекува многу позитивни работи кои треба да се случат меѓу Русија и САД“.
Путин наведе дека „разговорите по телефон никогаш не се доволни“.
Ројтерс пренесува дека Трамп не одговорил на новинарското прашање од масовните медиуми, за руското мешање на претседателските избори во САД.
AP, наведува дека со Трамп, кој седел пред американското знаме со прсти поставени во форма на превртен триаголник, бил и државниот секретар на САД Rex Tillerson, додека Путин благо наклонет на столицата, ги трљал прстите додека Трамп се обратувал пред новинарите, а во близина на рускиот претседател седел и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
Трамп и Путин претходно, во раните утрински часови, за прв пат се сретнаа во живо и се ракуваа, на самитот G20 кој се одржува во Хамбург, соопштија од Кремљ.
Рускиот претседател најави дека „очекува многу од првиот состанок“, а Трамп изрази уверување „дека состанокот позитивно делувал на меѓусебните односи на двете земји“.
И двајцата, откако Трамп победи на изборите, веќе четири пати се слушнаа на телефон, но сега конечно се сретнаа очи во очи, по низата прво воодушевувачки, а потоа се повеќе содржајни и внимателни разменети изрази, во меѓусебните разговори.
Веднаш почнаа да се ракуваат, и да се гледаат под око, дали насмевките им се вештачки или пријателски. Но, медиумите заблежаа дека при првата вчерашна средба во ходникот, Трамп пријателки го прими ракувањето од Путин, а на при одењето пријателски му ја постави раката на рамото, што е протолкувано како опуштен, симпатичен и охрабрувачки гест. И двајцата претседатели сакаа да остават што подобар дојам еден на друг, како сенката на евентуалниот „неуспех“ не би паднал на грбот на некој од нив двајцата.
Сирија и Украина беа главните теми на првата средба, кои, за почеток, и двете страни ги прогласија за „испитувачки“ терен и барале дали може да се воспостави контакт на кој Путин во меѓународните односи и тоа како инсистира, но ни Трамн не го занемарува.
До средба на маргините на собирот на G-20 дојде само ден откако во Варшава, во својот говор, на отворено, американскиот претседател Трамп ја обвини Русија дека е дестабилизирачки фактор.
Путин го прими до знаење, говорот на Трамп во Варшава – кратко изјавија неговите соработници во Хамбург. Со тоа Трамп најави дека Путин ја држи Русија на дистанца, особено затоа што постојано се сомничи дека е склон кон Русите, а тука е и аферата околу (наводната) руска вмешаност во неговата изборна победа.
Некои медиуми иронично напишаа дека Трамп конечно ќе се сретне со оние кои му ја овозможија победата на изборите. Инаку, Трамп досега не направил некои потези со кои на Русите би им дал надеж дека ќе се нормализираат односите, дури говорат дека односите се полоши од времето на Барак Обама, кога се чинеше дека полоши и не можат да бидат. Многумина во Москва ја истакнаа непредвидливоста и невнимателноста на Трамп како главна закана за норамализацијата, дури и се говореше дека Кремљ ќе зажали за Обама.
Трамо, како што пишуваат руските медиуми, се откажа од барањето да сирискиот претседател Башар ал-Асад, мора да отиде поради својата позиција. Тој постоајно беше камен на сопињање во односите меѓу САД и Русија во Сирија. Освен тоа, согласни се и со рускиот предлог за безбедносните зони, па се договорија за примирје кое почнува во неделата на 9 јули, на пладне по локално време.
Многумина тоа го протолкуваат како почеток на поделбата на Сирија на интересни зони, па дури во иднина и на физичка поделба на Сирија во која граѓанската војна трае од 2011 година.
Американците, велат, се обврзале дека нема да ги нападнат деловите на Сирија кои се контролирани од силите за безбедност на Башар ал-Асад, ниту дека на тие подрачја ќе испратат своја војска, а нема да биде ни спротивно.
Главната стратегија на САД, во Сирија не е тргање на Башар ал-Асад, туку исклучиво борба и конечен пораз на таканаречената Исламска држава. Додуша, таквата позиција веќе предизивка незадоволство во САД, па и меѓу некои републиканци, како сенаторот од Аризона Џон Мекејн.
Имено, противниците на таквиот договор со Русите мислат дека тој иде на руска страна, и дека САд ќе извиси доколку и биде попуштено на Русија во Сирија. На ред дојде и Украина. Русија се надева ека САДД, малку ќе ја пушти Украина на мира и дека нема премногу да инсистира на тоа прашање.
За воља на вистината, Владимир Путин бара да САД ги притиснат властите во Киев да го исполни својот дел од договорот во Минск, особено оној кој предвидува уставни промени и посебен статус на тие посебни политички и економски односи на тие отпаднички делови во источна Украина со Русија.
Украина се плаши дека тоа создавање на своеврсна „Република Руска“, како во БиХ, на која Украина нема да има можност да се развива како полноправна држава.
Тоа за Русите е основно барањае кое ќе овозможи да се реши украинскиот проблем. Американците, пак, сакаат „повеќе слобода“ во толкувањето на договорот, што за Москва е сигнал дека Киев ќе го одолговлекува давањето на автономија на овие покраини. Имено, пред овој состанок, Доналд Трамп во Вашингтон разговарал со украинскиот претседател Петро Порошенко.
Но, во секој случај надежта на Кремљ е дека Трамп ќе го „релаксира“ украинското прашање и ќе ги доведе во прашање санкциите против Русија, кои сепак не се реализираа.
Договорот од Минск не ја споменува судбината на Крим. Путин во разговорот поставил и прашање на враќање на неодамна одземените руски дипломатски вили во Њујорк и Мериленд. Рускиот претседател на крај коментираше дека би можел и почесто да се сретнува со Трамп.
Домаќинот на собирот G-20, германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека нема амбиција да биде посредничка во односите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. На крајот рекла дека преговорите за трговија се тешки и напорни.