Земјата ја зафати геомагнетна бура

Земјата ја зафати геомагнетна бура, тврдат од Американскиот Центар за предвидување на времето во вселената, кој спаѓа под Националната управа за океани и атмосфера (NOAA).

Тие издадоа предупредување уште во неделата за геомагнетна бура која почна во раните утрински часови во понеделникот. Истата ја зафати целата Земја, но најмногу американскиот континент.

Оваа бура е резултат на долготрајните ерупции на Сонцето, кои се забележани од 26 октомври годинава и оттогаш се забележани серија ерупции кои првично биле послаби.
Кога ќе се забележи ерупција од некој од активните региони на Сонцето, во меѓупланетарниот простор се ослободува млаз од плазма, кој се испалува со брзина меѓу 600 и 900 километри во секунда. Вообичаено, потребни се околу два дена за овој поток да стигне до Земјата.

Како последица на магнетната бура има прекини во навигацијата и комуникацијата на сателитите. Има и рендгенско зрачење (Х-зраци) на висина.

Магнетната бура може да влијае на сигналите што се пренесуваат со висока фреквенција, вклучително и од сателитските навигациски мрежи (GPS). Многу силна магнетна бура имаше и во овој период на октомври во 2003 година и траеше повеќе од две недели.

Според медицината, нарушувањата предизвикани од геомагнетните бури ги погодуваат луѓето кои имаат висок крвен притисок, како и оние со проблеми во кардиоваскуларниот систем, проблеми со спиењето и депресија.

Геомагнетните бури се големи и остри нарушувања на вредностите на магнетното поле на Земјата предизвикани од неговата интеракција со сончевиот ветер.

Сопственото магнетно поле на Земјата, кое се создава во нејзиното јадро, создава еден вид штит на нашата планета, во чие отсуство сончевиот ветер би го однел целиот атмосферски слој на Земјата, како што се случило на Марс пред многу години.

Scroll to Top