Светот повторно со големо внимание гледа кон Блискиот Исток, откако бразилскиот мистик Атос Саломе, познат во јавноста како „живиот Нострадамус“, излезе со ново застрашувачко предвидување за иднината на конфликтот со Иран. Во интервју за британскиот „Mirror“, тој предупреди дека актуелното примирје не значи крај на тензиите, туку вовед во многу подлабока и поопасна геополитичка криза.
Тензиите во регионот драматично се зголемија по заедничките напади на Израел и САД врз Иран извршени претходно оваа година. Конфликтот остави илјадници жртви, а одговорот на Техеран следеше брзо – со воени акции против американски сојузници и затворање на Ормускиот теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта и природен гас.
Иако моментално е во сила примирје, светската трговија и поморскиот транспорт сè уште чувствуваат сериозни последици. Според Саломе, најлошото допрва доаѓа.
„Сè уште може многу работи да се случат против Иран“, предупреди тој, додавајќи дека конфликтот би можел да прерасне во долготрајна и исцрпувачка војна каква светот досега не видел.
Според неговите анализи, идните фази на судирот нема да личат на класични воени конфликти. Наместо тоа, ќе доминираат кибер-напади, технолошки пресметки и асиметрични операции.
„Одговорот на Техеран и можноста за активирање на сојузнички ќелии низ регионот покажуваат дека светот може да влезе во нов тип на војна на исцрпување“, изјави Саломе.
Тој смета дека вистинската цел на Вашингтон не е директна окупација на Иран, туку слабеење на неговото енергетско влијание, особено кон Кина.
„САД немаат намера класично воено да го нападнат Иран. Главната цел е да се прекине евтиниот извоз на иранска нафта кон Кина“, вели тој.
Во своето предвидување оди чекор понатаму и тврди дека САД паралелно се обидуваат да ги ослабат трите најважни енергетски столбови на кинеската економија – Иран, Русија и Венецуела.
„Геополитичката шаховска табла за 2026 година покажува дека САД се движат против трите главни извори на енергија кои ја одржуваат Кина“, предупредува Саломе.
Неговите изјави доаѓаат во време кога Доналд Трамп, според британскиот BBC, тврди дека конфликтот би можел да заврши „многу брзо“. Но мистиците и аналитичарите имаат сосема поинакви сценарија.
Кинескиот мистик професор Сјуечин Џијанг уште претходно прогнозираше дека Иран би можел да излезе како победник во евентуален поголем судир со САД.
„Не верувам дека Америка може да победи во оваа војна“, изјавил професорот, предупредувајќи дека евентуален пораз би можел трајно да го промени светскиот поредок.
Во меѓувреме, светот останува во неизвесност. И додека двете страни се обидуваат да ја претстават ситуацијата како дипломатска победа, експертите предупредуваат дека само еден нов инцидент може повторно да го разгори целиот регион и дополнително да ја потресе глобалната енергетска стабилност.
Прашањето кое останува да виси над светот е дали примирјето навистина ќе опстане – или човештвото влегува во нова долга геополитичка ера со непредвидливи последици.






