5 работи кои не смеете да ги правите доколку изгорите на плажа

Ако изгорите на плажа за време на летниот одмор треба да избегнувате неколку работи што дополнително може да ја влошат ситуацијата.

Заборавете на тесна облека
Откако ќе добиете изгореници од сонце, треба да ја оставите вашата кожа да дише. „Апсолутно е забрането да се носи тесна облека над изгорена кожа, бидејќи предизвикува воспаление“, вели Ширин Идрис, дерматолог од Њујорк. „Вашето тело се обидува да одговори на траумата со зголемување на протокот на крв во областа за да помогне во заздравувањето. Ова доведува до црвенило, топлина и воспаление во областа“. Носењето тесна облека може да доведе до поинтензивни отоци и плускавци, пишува thehealthy.com. Најдоброто решение е целосно да избегнувате изгореници од сонце и да го користите најдобриот крем за сончање за вашиот тип кожа.

Избегнувајте производи од алое вера со адитиви
Иако алоето може да го смири црвенилото, треба да внимавате на типот на гел од алое што го нанесувате на вашата кожа. Некои вештачки состојки, како што се бензокаин или лидокаин, може да ја влошат иритацијата и да направат вашата кожа да чеша уште повеќе. Дерматолозите препорачуваат користење на чисти хидратантни креми со алое за лекување на кожата оштетена од сонцето.

Црвенилото не покривајте го со шминка
Она што дефинитивно не треба да го правите по изгорениците од сонце е да го прикриете со шминка. Изгорениците ќе заздрават подобро ако ја оставите вашата кожа да дише. „Нанесувањето разни производи за шминка со валкани сунѓери или четки само ќе го зголеми ризикот од инфекција или алергиска реакција, што на крајот ќе ги влоши работите“, вели д-р Идрис. „Засега прифатете ја изгореницата, третирајте ја добро, но следниот пат научете воопшто да не ја добивате“.

Пилингот на тело со изгореници е забрането
Изгорената кожа не е пријатна за око и природно е да сакате да ја отстраните сувата, ронлива кожа од вашето тело. Но, всушност може да ја оштети кожата уште повеќе, бидејќи производите за пилинг обично се груби за кожата. Наместо тоа, оставете ја изгореницата да заздрави природно, што обично трае до 7 дена. И редовно хидратизирајте ја оштетената кожа. Производите за пилинг кои содржат гликолна киселина, ретиноиди или салицилна киселина се исклучително штетни за вашата кожа, особено кога е во ранлива состојба, односно изгорена од сонце. Откако кожата ќе престане да се лупи, почекајте околу три дена пред да користите некој од овие производи.

Користење крема за сончање на база на хемикалии
Очигледно, треба да избегнувате да поминувате време на директна сончева светлина откако сте изгореле, но ако мора да излезете надвор, задолжително нанесете крема за сончање – и чувајте ја додека сте надвор. Само внимавајте на потенцијално иритирачките хемикалии во некои креми за сончање и секогаш избирајте заштитен фактор со минерални филтри (цинк оксид и титаниум оксид).

 
Scroll to Top