Боранија по рецепт на нашите баби

Состојки:

– 400 гр боранија

– 1 главица кромид

– 2 чешниња лук

– 2 моркови

– 1 пашканат

– 3 компири

– 200 мл сок од домати

– масло

– сув зачин, сува слатка пиперка, бибер, свеж магдонос, малку маснотии

Подготовка:

На лажица масло пропржете ги сечканите кромид и рендан морков и пашканат (по желба). Додадете суви зачини, сечкани компири и боранија и сок од домати и измешајте.

Додадете вода и варете околу 30 минути.

Потоа додадете сечкан лук и магдонос.

Ако сакате погуста варијанта, испасирајте ги компирите и оставете ја боранијата да се вари уште 10 минути, па тргнете ја од шпорет и послужете.

По желба додадете една лажица павлака.

Scroll to Top