Брз десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити

Топлите денови се идеални за подготовка на ладни оброци. Една од нив е едноставна комбинација од јагоди, павлака за готвење и бисквити, за која не ви треба рерна или многу време.

Состојки:
500 грама јагоди
300 мл слатка павлака
200 грама павлака за готвење ( со поголем процент на масленост)
100 грама шеќер
200 грама бисквити
200 мл ладно млеко
1 лажичка екстракт од ванила
малку сок од лимон за јагодите

Подготовка:
Изберете сад во кој ќе го обработите. Отстранете ги стебленцата од јагодите, измијте ги, исечете ги на тенки парчиња и прелијте ги со неколку лажици сок од лимон.
Слатката павлака изматете ја со миксер. Само кога ќе се формира шлагот додавајте го шеќерот малку по малку. Кога ќе добиете цврст шлаг, додадете ја павлаката за готвење со поголем процент на масленост и кратко измешајте додека не се соединат во мазен крем. Во ладно млеко ставете екстракт од ванила и измешајте. Секоја бисквита кратко потопете ја во млекото и наредете ја на дното од подготвениот сад. Кога ќе го наполните дното со бисквити, врз нив ставете неколку лажици крем и потоа ред јагоди. Повторете додека не ги искористите сите состојки, а одозгора завршете со кремот за да наредите уште неколку јагоди. Ставете го во фрижидер неколку часа и потоа послужете.

Scroll to Top