Дали навистина треба да пиеме чаша вода кога ќе се разбудиме?

Водата за пиење е многу важна за различни процеси во организмот, а неодамна е истакната важноста да се испие чаша вода веднаш штом ќе се разбудите. Но, колку е тоа вистина?

Нутриционистот Мишел Кардел истакнува дека одредена количина на вода е неопходна за здравјето на целото тело, бидејќи му помага на вашето тело да функционира правилно преку регулирање на телесната температура, поддршка на варењето, намалување на оптоварувањето на бубрезите и црниот дроб со исфрлање на отпадните материи и оптимизирање на моќта на мозокот.

Дури и само мала дехидрација до два проценти може да доведе до симптоми како што се главоболка, вртоглавица, раздразливост, тешкотии со концентрирање и замор. Поради ова се појавија различни теории за важноста на водата, а се издвојува онаа во која се објаснува кога е пожелно да се пие вода.

Некои тврдат дека пиењето вода наутро ќе им помогне да го подобрат своето здравје, да ослабат и да искусат други здравствени придобивки. Но, дали е навистина потребно?

Останувањето хидриран во текот на денот е важно за вашето целокупно здравје, така што пиењето вода веднаш штом ќе се разбудите може да ви помогне да го достигнете дневниот внес на вода, но како што вели нутриционистот Кардел, нема магично количество вода што ни треба пред да го започнеме денот.

Чувањето на шише вода на вашата ноќна маса може да делува како суптилен потсетник да му пристапите на денот со начин на размислување за подобрување на здравјето. Исто така, може да ви помогне да се чувствувате повнимателно.

Иако водата е важна за здравјето, таа нема да ви помогне да ослабете и да го детоксицирате телото. Затоа, наместо да верувате дека пиењето вода наутро го зголемува чувството на ситост, мора да бидете свесни дека нема доволно докази кои го поврзуваат внесот на течности со зголемената ситост или губење на тежината, пренесува „Klix.ba“.

Scroll to Top