Дали внесувате доволно јод?

Кршливи нокти, ладни раце и нозе, преосетливост на студ, депресија, отежнато голтање, болки во грлото, сува кожа и коса, замор, засипнатост, вишок тежина, слаба меморија и концентрација, неправилни менструални циклуси, неплодност, сето ова може да бидат симптоми на недостаток на јод во телото.

Човечкото тело не може да го задржува или да создава јод, тој мора да се внесува секојдневно преку храна и вода. Дневните потреби на јод, според Светската здравствена организација, изнесуваат од 150 до 300 микрограми во зависност од возраста, при што децата до дванаесет години треба да консумираат до 120 микрограми дневно.

Храната содржи многу малку природен јод, а бидејќи солта не е здрава во големи количини, треба да се свртиме кон други, поздрави природни извори.

Особено е важно да се зема јод од храната за време на бременост и доење, за да се обезбеди здравјето на бебето. За трудници се препорачуваат 200 микрограми јод дневно. Децата од мајките кои не консумирале доволно јод за време на бременоста може да имаат потешкотии со слухот и говорот, додека во најтешките случаи, недостатокот на јод предизвикува доцнење во физичкиот и менталниот развој.

Јодот е важен минерал кој е потребен за правилно функционирање на тироидната жлезда и производство на хормони кои регулираат многу телесни процеси. Доколку не внесувате доволно јод преку исхраната, може да имате разни здравствени проблеми, како на пример отечена тироидна жлезда или гушавост, која е видлива како грутка на вратот, што се случува кога тироидната жлезда се обидува да го надомести недостатокот на јод и произведува повеќе хормони, но и губење на косата, проблеми со меморијата и концентрацијата, нередовни менструални циклуси, зголемување на телесната тежина.

Кога нивото на тироидните хормони е многу ниско поради недоволно внесување на јод, може да дојде до микседем, односно отекување на лицето, рацете и нозете, забавено дишење, низок крвен притисок, ниска телесна температура, кома и на крајот смрт.

Премногу јод

Како и во сè, со земање јод не треба да се претерува. Премногу јод во храната може да биде штетно. Вишокот на овој минерал е особено опасен за здравјето на луѓето кои страдаат од хипертироидизам (болест предизвикана од прекумерно производство на тироидни хормони) и автоимуни болести на тироидната жлезда, како што е тироидитисот на Хашимото.

Некои од симптомите на зголемена концентрација на јод во телото се промени на кожата (акни и осип), дијареа, повраќање, болки во стомакот, главоболка, треска, гадење, метален вкус во устата, кивање.

Во такви случаи, треба да се избегнува храна која содржи јод и јодирана сол.

Луголов раствор

Луголовиот раствор е раствор од јод и калиум јодид во вода, кој се користи како лек за разни здравствени проблеми. Растворот се зема на различни начини, според протоколи, во зависност од целта и состојбата на организмот.

Земањето капки или таблети од растворот се користи за лекување на хипотироидизам, гушавост, фиброцистични гради, полицистични јајници и други состојби поврзани со дефицит на јод.

Постои и протокол за земање на растворот кој се користи за лекување на паразити, бактерии, габи и вируси во организмот.

Природни извори на јод

За да добиете оптимална количина на јод преку храната, збогатете го менито со морска риба, ракчиња, школки и други морски плодови.
Храната богата со јод вклучува јајца, млеко и млечни производи, месо, тофу сирење и соја сос.

Искористувањето на јод во организмот го попречуваат сировата зелка, кељот, карфиолот, кикириките и одредени лекови. Во случај на недостаток на јод, со согласност на лекар, потребно е да се земаат мултивитамински препарати, односно јод во таблети и суплементи.

Брусница, малини, банани, компири, грав се само дел од намирниците богати со јод. Незрелите зелени ореви се познат рецепт од народната медицина за недостаток на јод.

Покријте ги младите ореви со домашен мед за да ја потиснете нивната горчина. Конзумирајте ги секој ден и ќе спречите недостаток на јод во организмот.

Scroll to Top