Прославената актерка Гвинет Палтроу (52), освен што воодушевува со својот изглед и улоги, лансираше и своја линија на козметички производи, со што уште појасно покажува колку ѝ е важна младоста.
Според Social Diary, урамнотежената исхрана и вежбањето ја одржуваат нејзината совршена фигура, а особено интересно е нејзиното мени.
Имено, Гвинет со години следи макробиотска диета заснована на течна храна. Актерката јаде многу органски житарки, свеж зеленчук, а повремено јаде и органска риба или живина, најмногу до 50 грама, но не како оброк туку во супа или чорба.
Вештачките шеќери и преработената храна за неа се минато, а кога се во прашање млечните производи, козјото млеко е „дозволено“.
На секои два часа таа внесува многу течности, вода, билни чаеви, свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук, пијалоци од бобинки, супи.
Кога станува збор за зеленчук, најмногу се препорачуваат моркови, цвекло, тиквички и домати, а многу е важно храната да биде пасирана, зготвена или изблендирана.
Сепак, диетата никогаш не е доволна доколку нема физичка активност, па Гвинет тренира пет пати неделно по 45 минути, а обожава и јога. За почеток, можете да тренирате двапати неделно ако ова темпо е пребрзо за вас.