Диетата со домати се држи пет дена и може да ослабете 3 килограми. Строга е по тоа што со секој оброк треба да јадете домати во малку поголеми количини од вообичаеното. Оптимално е да се јадат и свежи и варени домати (пире и сок). Причината е едноставна: свежиот домат е богат со витамин Ц, кој најмногу исчезнува при термичка обработка, но затоа варените домати содржат супстанци кои се одлична заштита од слободните радикали.
Ден 1
Појадок – 2 парчиња тост црн леб со малку маргарин и лажичка мед – чај или кафе без шеќер
Ручек – Голема салата од домати со сирење. Во голема чинија, направете салата од следните состојки: 150 гр сирење со малку маснотии, 350 гр свежи домати, 1 лажица маслиново масло, 1/2 лажичка билки по вкус (босилек оди одлично, како и ориганото). Сè убаво измешајте и на поголеми парчиња додадете скршени парчиња тост од интегрален леб. Оставете ја салатата во фрижидер петнаесет минути пред јадење.
Ужина – 1 нектарина или јаболко.
Вечера – Тестенини во сос од домати. Исечете два моркови на коцки и пропржете ги на малку маслиново масло, додадете 50 мл сок од домати и пржете уште пет минути. Додадете 400 гр ситно сечкани домати, сол, бибер и зачинете со лажица кисела павлака. Гответе десет минути на средна томпература. Овој прелив прелијте го врз свежо сварените тестенини. Количината на суви тестенини (пред готвење) е 60 грама.
Ден 2
Појадок – 200 гр полу-масен јогурт (1,5% мм) измешан со лажица мед и додадете две големи лажици овесна каша.
Ручек – Грчка салата.Праз исечен на прстени, додадете два домати исечени на поголеми парчиња, поголема краставица исто така исечена на поголеми парчиња, две лажички сок од лимон, лажица маслиново масло, сол, бибер, малку мајчина душица и 2-3 црни маслинки. Сè добро промешајте и оставете ги состојките да отстојат околу 10 минути. Украсете со 30 гр овчо сирење (искршено) и коцки од една кришка ржан леб.
Ужина – Парче овошје или шолја кафе со 2-3 бисквити од интегрално брашно.
Вечера – Супа со ослич. Две главици кромид на малку масло, додадете два поголеми домати исечени на поголеми парчиња и 2,5 dl супа од зеленчук. Гответе го сето тоа на тивок оган околу 10 минути. Процедете ја смесата низ ситно сито, додадете сол, бибер, малку шеќер, 125 гр варен ориз и печено филе ослич. Украсете со лажица кисела павлака.
Ден 3
Појадок – Интегрално пециво со две лажици полумасно сирење. Едната половина од пецивото намачкајте го со сирење и ставете парче домат и малку исечкан млад кромид, а другата половина премачкајте ја со мед.
Ручек – Тортилја. Исечете 300 гр домати и 100 гр печурки на поголеми парчиња. Измешајте две јајца, четири лажици минерална вода и бибер. Во загреана и малку подмачкана тава ставете ги печурките и доматите, врз нив ставете јајца и оставете да се соединат на тивок оган. Послужете топло или ладно на две кришки ржан леб.
Ужина – Два моркови исечкајте ги на две стапчиња и завиткајте во 30 гр мисиркина шунка – 1 дл сок од домати (свеж или варен).
Вечера – Месо со домат. Испечете 125 гр говедски шницли во тава без дополнителна маснотија и зачинете по вкус. На малку маслиново масло пропржете половина кромид. Додадете 400 гр домати исечкани на коцки и малку мајчина душица и пропржете ја на силен оган неколку минути. Дополнете го оброкот со еден тост од ‘ржан леб.
Ден 4
Појадок – Намачкајте две кришки тост со лажица крем сирење и одозгора ставете едно парче шунка – 2 dl сок од домати (свеж).
Ручек – Згответе 500 гр домати, пиперки и поголема краставица исечкана на коцки и измешајте со лажица маслиново масло, лук и две распарчени кришки тост. Додадете бибер и ставете го во фрижидер пред сервирање.
Ужиан – Направете сендвич од парче тост со сусам, парче чадено мисиркино месо и одозгора ставете домат исечен на дебели прстени.
Вечера – Домат со ориз. Одозгора исечете два домати, издлабете ги и ставете во огноотпорен сад. Направете ја смесата за фил од 50 гр полумасно сирење и 125 гр варен ориз, малку босилек, домат исечкан на коцки и лук. Наполнете ги доматите и посипете ги со сирење. Се пече во загреана рерна 15 минути.
Ден 5
Појадок – 2 дл сок од домати (варен) – 2 тоста тенко премачкани со топено сирење со прстени од домати одозгора.
Ручек – Италијанска салата. Искршете кришки двопек и 400 гр домати, додадете малку зелена салата. Прелијте со две лажици маслиново масло и оцет, додадете бибер. Врз неа посипете со двопегот.
Ужина – Јаболко, киви и нане. Кивите и јаболкото исечкајте ги на коцки и измешајте ги со неколку капки мед. Додадете неколку листови свежо нане.
Вечера – Рататули. За ова јадење потребно е да се исечат на коцки 200 гр компири, четири моркови, два струка прз, 100 гр печурки и четири стебленца целер. Исечкајте две парчиња кромид и две чешниња лук, загрејте две мали лажици масло и додадете го зеленчукот и компириот. Зачинете со сол, бибер и оригано. Додадете 100 мл супа од зеленчук и варете поклопено околу 10 минути. Додадете шолја (2,5 дл) варени домати. Гответе сè на тивок оган 15 минути.
Дополнителни забелешки: – ако сте гладни помеѓу оброците, слободно можете да консумирате 2 dl сок од домати (свеж или варен).