Пробиотиците кои ги содржи јогуртот го стимулираат растот на здравата цревна флора, што резултира со побрзо варење на храната, елиминирање на токсините, а со тоа и губење на тежината.
Диеталното мени со јогурт за 3 дена:
Прв ден
Појадок: Наутро јадете обичен јогурт со овошје и житарки по ваш избор.
Ручек: Запржете го зеленчукот по ваш избор на маслиново масло и на крајот измешајте со варен ориз. Не додавајте други зачини освен сол и бибер во зеленчукот. За десерт јадете јогурт со парчиња овошје.
Вечера: Пред спиење ќе се задоволите со салата со шунка и моркови. Исечкајте еден морков, јаболко и 50 гр шунка, па додадете маслиново масло. Измешајте сè заедно со јогуртот.
Втор ден
Појадок: Салата од краставици, исецкајте ја краставицата и додадете јогурт. Зачинете со сол и бибер.
Ручек: Посолете бибер на малку пилешко исечкано на коцки и пржете на маслиново масло. Додадете сечкани шампињони, еден домат и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне, тргнете го од оган и додадете го јогуртот.
Вечера: Измешајте две шолји јогурт со неколку бобинки од мешана шума или некое друго овошје по ваш избор.
Трет ден
Појадок: Измешајте сирење, сечкано јаболко, малку цимет со јогурт и на крај малку сол и бибер.
Ручек: Испечете 150 грама филе ослич, а како прилог направете салата од јогурт, сечкана краставица и малку сенф.
Вечера: Сварете сто грама тестенини, додадете една сечкана пиперка и варено јајце. Измешајте сè заедно со јогуртот.
Напомена: Краткорочното користење на оваа диета (не подолго од три дена) секако нема да им наштети на здравите луѓе, но не се препорачува долгорочно практикување. Задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете диета.