Диета со сладолед, хит ова лето: 4 килогарми помалку за 14 дена

Во жешките летни денови, ништо не е повкусно од топење на топка сладолед во устата. Љубителите на сладолед сигурно се прашуваат како можат да ја вклопат оваа храна во нивната секојдневна исхрана без да ја загрозат добрата линија.

Бројни студии покажуваат дека еден дневен оброк кој се состои од млечни производи може да ви помогне да ги намалите килограмите, а неодамна диетата со сладолед станува се попопуларна.

Сладоледот може да се јаде како ужина, но не треба да се претерува со неговата количина. Едно топче е количина која нема да влијае на зголемувањето на масата, а може да го стимулира делот од мозокот кој се активира кога се чувствува задоволство.

Со правилна исхрана обезбедуваме постојан проток на енергија, а прејадувањето ќе се избегне со правилно распределување на оброците во текот на денот. Тогаш ќе се забрза и метаболизмот, доколку исхраната е разновидна и содржи храна која ја сакате, нема да ви биде тешко да се придржувате до помали количини и конкретен распоред на оброци.

Основни правила на диетата со сладолед:

1. Никогаш не прескокнувајте оброци

2. Пијте најмалку 8 чаши вода дневно

3. Целата храна пригответе ја со маслиново масло

4. Јадете сладолед што е можно побавно (15 до 20 минути затоа што е потребно толку време за да се создаде чувство на ситост)

5. Не јадете сладолед од кутијата

6. Освен сладолед, не се препорачуваат други слатки

7. Вежбајте

Примерок мени:

Ден 1:

Појадок: 2 тенки парчиња леб од жито и семки, 2 лажици незасладен путер од кикирики

Ужина: 1 грејпфрут, половина банана

Ручек: Половина шолја туна, шолја сардини или половина шолја посна фета или свежо сирење.

1 шолја интегрални тестенини

1 чаша моркови или целер

Ужина: 1 топка сладолед од ванила со свежа сечкана праска

Вечера: 150 грама посно месо (или други протеини) по желба, можете да користите зачини, печени на малку масло

1 шолја зелен зеленчук (боранија, спанаќ, тиквички) на пареа, на скара, сиров или задушен

Ден 2

Појадок: 1 варено јајце, 2 тенки кришки леб

Ужина: 1 јаболко или круша, половина шака јаткасти плодови

Ручек: Рижото со пилешко и зеленчук, зелена салата зачинета со оцет и маслиново масло, зачини по желба

Ужина: 1 топка чоколаден сладолед со свежи малини

Вечера: 150 грама свежо сирење со кисела павлака, едно парче леб со житарки и семки

Ден 3

Појадок: 4 интегрални крекери, 1 парче полутврдо нискомаслено сирење

Ручек: 1 јајце подготвено без масло, 2 тенки кришки леб

Ужина: 1 топка овошен сладолед по желба со додавање на лешници

Вечера: 1 шолја туна, 1 шолја посна фета или свежо сирење или 1 шолја сардини.

1 шолја целер, 1 шолја карфиол или зелен зеленчук

По третиот ден, стартувајте го менито повторно од почеток.

Што е трикот?

Тајната состојка на оваа храна која брзо се топи е калциумот. Според најновите студии, дебелите луѓе кои земале додатоци на калциум ја намалиле телесната тежина за 26 отсто и стопиле дури 38 отсто повеќе масни наслаги од луѓето кои биле на редовна нискокалорична диета, без никакви додатоци во исхраната.

Scroll to Top