Актерката Марго Роби деновиве е една од главните теми во светот на шоубизот. Таа ја игра главната улога во хит филмот Барби, кој наиде на голем интерес кај публиката. Кога се прави ваков голем проект како овој, потребен е многу голем тим.
Ова вклучува, меѓу другото, нутриционист. Улогата на нутриционистот е да им помогне на актерите физички да се подготват за одредена улога.
Во овој случај, задачата била Марго да има беспрекорна линија и совршен тен.
Секако, тоа не е единственото нешто што Марго, која има многу интересна животна приказна, морала да го направи за соодветно да се подготви за улогата на Барби.
Според магазинот „Харперс Базар“, Роби одела и на ЛЕД терапија, лимфна дренажа, ласери, масажи, но и на она што најмногу привлекло внимание кај жените ширум светот – диетата Барби.
За исхраната на Марго била задолжена Јасмина Вицо, дерматолог и експерт за нега на кожа. Нејзината исхрана се базирала на специјалитети со кисела зелка.
„Покрај земање пробиотици и други додатоци во исхраната, Марго консумирала и ферментирана храна како кисела зелка, кефир, горчлива храна и бобинки“, открила Јасмина Вицо.
Покрај тоа, таа ја советувала Марго да пие посебен чај, како што пренесува Глоси.
„Чајот од корен од магарешки трн помага во чистење на црниот дроб, што ја прави кожата поздрава со производство на повеќе глутатион кој придонесува за сјај. Сите Барбики го пиеле тој чај“, рекла таа.