Редовен тренинг и балансирана исхрана ова е тајната на фит телото на 52 годишната пејачка Џенифер Лопез.
Нејзиниот личен тренер Дејвид, открива дека тренингот на Џеј Ло се состои од комбинирани кардио вежби за целото тело како и специфични само за долниот дел на тело. Таа грижи за својата рутина и начин на живот надвор од теретана, внимава што јаде и колку спие.
View this post on Instagram
Латино дивата е позната по својата речиси воена исхрана. Јаде претежно зелен лиснат зеленчук, особено брокула, додека консумира само овесна каша, кафеав ориз, киноа и компири.Нејзиното мени вклучува есенцијални протеини кои ги добива од месо и риба, додека овошјето и зеленчукот најчесто ги консумира сирови. Кафето го пие исклучиво без кофеин.
View this post on Instagram
Го избегнува внесувањето на рафинирани шеќери, но неодамна истакна дека единственото нешто на кое не може да одолее е чоколадната торта на нејзината мајка. Пие и два литра вода дневно и спие најмалку осум часа.