За атрактивниот изглед на српската пејачка Јелена Карлеуша делумно е заслужна нејзината генетика, но и планот на исхрана кој го следи со години. Карлеуша била на строга диета кога имала 75 килограми, а нејзината исхрана се базира на здрава храна.
Менито се состои од оброци без месо, со минимум животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи, многу овошје и зеленчук.
Дневно мени:
Прв ден
Појадок: Кашкавал со малку маснотии 400 грама, две фелчиња интегрален леб, салата
Ужина: две јаболка
Ручек: Грашок со зеленчук околу 400 грама и салата
Вечера: Салата од тиквички
Втор ден
Појадок: овесна каша 4 лажици, микс од овошје, чиа семе
Ужина: 300 грама цреши
Ручек: Печена боранија со зеленчук, салата
Вечера: Јогурт 360 милилитри и салата
Трет ден
Појадок: Мафини со тиквички, салата
Ужина: Витаминска салата со црвена зелка
Ручек: Печурки со зеленчук
Вечера: Чорба од компири